за

Land Rover Defender заминува во пензија по 67 години

Кога децата цртаат теренец, тој изгледа исто како Defender. Неговите теренски својства се легендарни, исто како долговечноста и некомфорното возење. Сега љубителите имаат уште две години време да купат нов Defender. Потоа доаѓа наследникот.

Со години се зборуваше за тоа, сега е потврдено и официјално. Land Rover ќе престане со производство на Defender во 2015 година. Инсајдер од фирмата го потврди тоа за специјализираниот вебсајт „Automotive News“. Тоа значи дека последниот модел од теренецот што обожувателите го нарекуваат „Ленди“ ќе ги напушти производствените ленти во Вест Мидлендс по 67 години.

Строгите норми за издувни гасови и заштита на пешаците го означија крајот за култниот теренец. Новиот модел ќе се разликува значително од актуелниот Defender, како во изгледот, така и во техниката. Land Rover ја прикажа студијата DC100 на салонот во Франкфурт во 2011 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Внимателно во есен: Лисјата и калта се лизгави како снег

Двобојни автомобили се во тренд