за

Lamborghini Aventador Super Veloce тестира со 800 КС

Германскиот магазин „auto motor und sport“ објави шпионски фотографии од тестирањето на топ моделот на Lamborghini. Премиерата на Aventador SV се очекува наесен на салонот во Франкфурт.

Со бројни модофикации на 6,5-литарскиот дванаесетцилиндарец, инженерите на Lamborghini извлекоа 100 КС повеќе од стандардниот мотор на Aventador, така што верзијата Super Veloce ќе вози со дури 800 КС. Со таква моќност, суперавтомобилот ќе забрзува без проблем за помалку од три секунди до темпо сто.

Моментно SV се тестира на патеката Нирбургринг. На фотографиите се воочуваат промени во предниот дел, кои внесуваат дополнителна агресивност во појавата, заедно со неколкуте додатоци за подобрување на аеродинамиката. Најмоќниот Lamborghini ќе добие и посилни сопирачки, променето подвозје и оптимиран издувен систем, вклучувајќи повпечатлив звук. Задниот спојлер исто така ќе претрпи промени во согласност со перформансите на Aventador SV.

lamborghini avantador sv 1

Покрај фактот што стандардниот модел веќе поседува конструкција со намалена тежина, заштедата во килограми кај SV се очекува да се постигне главно преку елементите во кабината. Продажбата на ограничената серија на моделот ќе стартува по салонот во Франкфурт.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест · Hyundai Santa Fe 2.2 CRDi Elite

Новите возила трошат 25 проценти повеќе од наведеното