Поради Корона: Toyota прекина производство во Кина, во Volkswagen се работи од дома

Поради Корона: Toyota прекина производство во Кина, во Volkswagen се работи од дома
Поради Корона: Toyota прекина производство во Кина, во Volkswagen се работи од дома

Поради вирусот корона, Volkswagen ги пушти своите 3.500 работници во Пекинг до 17-ти февруари да работат од дома, додека Toyota го прекина производството во Кина.

Поради заболувањето на белите дробови што го предизвикува вирусот корона во Кина, Volkswagen ги пушти своите 3.500 работници во Пекинг во период од две седмици да работат од дома. Како што соопшти производителот на автомобили, засега се откажуваат сите деловни патувања во Кина и во други земји.

По тридневното продолжување на официјалните новогодишни празници, работниците на VW во кинеската престолнина од следниот понеделник ќе останат дома и ќе работат оттаму. Како што соопштуваат од концернот, нивната цел е да обезбедат здрава и сигурна работна средина за колегите.

Toyota го прекина производството во Кина

Јапонскиот производител Toyota го запре производството во Кина, поради ширењето на вирусот корона. Од различни причини, меѓу кои и наредбите на локалните и регионалните власти, како и поради ситуацијата околу снабдувањето со делови, Toyota реши работата во своите фабрики во Кина да ја прекине до 9-ти февруари. Така беше соопштено до новинската агенција Блумберг. Компанијата ќе ја следи ситуацијата и ќе решава како ќе се постапува по 10-ти февруари.

Ford и неговиот партнер Chongqing Changan Automobile, според агенцијата „Ројтерс“ ќе продолжат со работа дури на 10-ти февруари. Локалните власти ги продолжија новогодишните празници поради вирусот корона.

Претходна објаваFord им најде крај на кражбите на скапи бандажи
Следна објаваФранкфурт го изгуби ИАА, производителите бараат друг град

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here