Kia Sportage седум години е најпродаван модел на корејската марка во Велика Британија и нема така лесно да го препушти местото на друг модел. Новата изведба со благ хибриден погон и 48-волтна мрежа освои награда за најдобар службен автомобил во категорија на СУВ-модели со средна големина.
Британскиот избор за „Business Motoring Awards“ ги издвојува и ги наградува автомобилските модели и услугите што најдобро им служат на компаниите со мала и средна големина. За победниците решава независно жири од стручни лица, кои се дел од бизнисот со возни паркови, на пример, компании за рентакар. Изборот годинава се одржа во своето 21-во издание.
Новата моделска изведба на Kia Sportage со благ хибриден погон, победи во категоријата за „Најдобар СУВ со средна големина“. Жирито гласаше за напредната технологија на суперпопуларниот модел на Kia, за успешниот дизајн, како и за ниската емисија од хибридната погонска спрега.
Станува збор за основна варијанта на хибридниот погон, со стартер-генератор што произведува струја при сопирање и ја акумулира истата во малечка батерија. Таа електрична енергија, потоа се користи за стартер-генераторот да функцонира кусо време како електромотор, асистирајќи му на класичниот мотор и помагајќи реално да се смали потрошувачката на гориво и емисијата на штетни материи.
Крис Рајт, главен уредник на Business Car Manager и организатор на изборот, коментираше за победата: „Оваа Kia стекна репутација како дефинитивен СУВ – со брилијантен дизајн, неверојатно добро опремена и економична во возењето. Отсега достапна со техниологија на благ хибрид, што ја спушта емисијата на СО2, овој автомобил е реално финансиски привлечен како службен автомобил. Неговиот безвременски стил се манифестира преку исклучително задржување на вредноста на возилото, која е на високо ниво уште од појавувањето на моделот.“
Дел од победниците во останатите категории на изборот за најдобар службен автомобил:
Најдобар хибрид · Volvo XC40 T5
Најдобар компакт · BMW 116
Најдобар малечок СУВ · Mini Countryman
Најдобро решение за мобилност · Eucopcar Mobility Group
Business Motoring Awards 2020 winners announced – https://t.co/c8Lw1QcqOq pic.twitter.com/86F1O8UhNc
— Business Motoring (@BusinessCarMgr) March 20, 2020
















