за

Kia го има единственото компактно комби со плагин-хибрид

Kia го има единственото компактно комби со плагин-хибрид
Kia го има единственото компактно комби со плагин-хибрид

Kia Ceed Sportwagon е единственото комби во компакт класата што е достапно со плагин-хибриден погон. Моделот штотуку почнува со продажба во Европа, со полна батерија минува до 60 километри.

Моделското семејство на Kia Ceed е единствено од повеќе гледишта, а сега и од уште едно. Kia е првата марка што нуди плагин-хиобриден погон во комби каросериска изведба во класата. Со полна батерија може да се извозат на струја до 60 километри, а по потреба или повеќе по желба, доколку се жртвува досегот, може само на батерија да се вози и со брзина до 120 километри на час.

Во просторноста на кабината и во багажникот нема разлика во споредба со изведбите со бензински или дизел мотор. Тоа меѓу другото е знак дека електромоторот во погонската спрега бил предвиден уште при развојот на новиот Ceed, што имаше пазарно деби пред повеќе од две години. Багажникот стандардно располага со 437 литри, со соборување на клупата се добива товарен простор со зафатнина до 1.506 литри.

Комбито често се избира како алтернатива на СУВ, во случај кога првенствено се бара практичност и просторност

Практичното комби со елегантна силуета е достапно во три нивоа на опрема, почувајќи од истото основно ниво Active како изведбите со класичен погон. Засега во редакцијата располагаме единствено со спецификацијата на опрема за германскиот пазар, каде штотуку стартува продажбата на „електрифицираната“ Kia. Во Франкфурт воедно се наоѓа и централата за марката што е одговорна за целиот регион, вклучувајќи ја и Македонија.

На германскиот пазар, Ceed Sportswagon Plug-in Hybrid стандардно поседува диодни светла, дисплеј од 8 инчи, поврзување со паметен телефон, автоматска клима во две зони, пристап и старт без клуч, камера за рикверц, сензори за дожд и светла, паркинг сензори назад, грејачи во предните седишта и во воланот, електрично собирање на ретровизорите и алу-бандажи од 16 инчи.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Плагин-хибридниот погон со системски 141 КС е комбинација од 1,6-литарскиот бензинец со директно впрскување со 105 КС, електромотор со 60,5 КС и шестстепен менувач со двојна спојка. Спринтот од место до темпо сто трае 10,8 секунди, крајната брзина изнесува 195 km/h.

Просечната дневна километража на европскките возачи изнесува 40 километри; Хибридниот Ceed SW вози 60 km на струја

Потрошувачката на гориво изнесува 1,1 литар на сто километри (поаѓајќи со полна батерија и прво со возење само на струја, во случајов 60 km; потрошувачката на гориво се однесува на преостанатите 40 km, кога може паралелно да работат електромоторот и бензинецот). Батеријата од 8,9 киловатчасови, приклучена на полнач од 3,3 киловати постигнува целосна наполнетост за 135 минути.

Изведбата што без проблем ја минува просечната дневна тура на европските возачи само со погон на батерија се препознава по затворената маска и по капакот во левото предно крило, кадешто се наоѓа приклучокот за полнење. Изгледот на бандажите исто така се разликува, како и предниот браник во стил на изведбите GT-Line.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai Kona Electric ќе се произведува и во Чешка

Hyundai Kona Electric ќе се произведува и во Чешка

peugeot-208-premiera-skopje

Еуроимпекс ја претстави новата генерација на Peugeot 208