Поранешниот шеф на Стелантис им се посвети на авиони и вино

Поранешниот извршен директор на Стелантис, Карлос Тавареш (66), отсега го насочува вниманието во деловни зделки во неговата родна Португалија, откако поранешниот работодавец го награди со плата за минатата година и отпремнина во висина од преку 35 милиони евра.

„По 50 години во странство, намерата ми е енергијата да ја посветам во моите португалски бизниси, користејќи го тоа што го научив во овој напорен професионален живот,“ одговори Тавареш на прашањата што му ги упати Блумберг Њуз.

Поранешниот топ-менаџер го напушти Стелантис во декември, откако му беше префрлена одговорност за ослабнатата продажба и намалената добивка, поради застарената понуда од модели во САД и доцнењето со пуштањето во продажба на важни модели во Европа.

Концернот уште е во постапка на барање наследник за Тавареш и предвидува дека годинава ќе ја заврши со скромна добивка

Акционерите во Стелантис на 15-ти април одобрија на Тавареш да му биде исплатена сума од 35,1 милиони евра. Во тој износ влегуваат 23,1 милиони евра плата за трудот во 2024 година, плус 12 милиони евра за отпремнина и бонуси за исполнување на поставените таргети.

Тавареш во февруари изјави за еден португалски тв-канал дека има намера да учествува во планираната приватизација на државната авиокомпанија ТАП Ер Португал. Тој добил голема поддршка за намерата од своите пријатели. Поранешниот шеф на концерн исто така е дел од конзорциум, што достави понуда за да преземе удел во португалскиот регионален авиопревозник САТА Азорес Ерлајнс.

Поранешниот шеф Карлос Тавареш покрај електрична Алфа Ромео Јуниор 280 Велоче на авто-фестивалот Карамуло. Возењето во екстремни услови му беше првото работно место на Португалецот, кој кариерата ја почна како инженер за тест-прототипи во Рено

Син на книговодител и професорка по француски јазик, Тавареш замина од родната Португалија на возраст од 17 години, на студии во Тулуз, Франција. Карлос дипломира на Еколе Централ Париз во 1981 година. Следен чекор е вработување во Рено, како инженер за тестирање нови модели. Во времето на својот истоименик Карлос Гон, исто така прочуен по штедењето и скусувањето трошоци, Тавареш брзо напредува во Рено. Потоа, во 2021 година, тој станува прв извршен директор на новонастанатиот концерн Стелантис, со спојувањето на Пежо Сосиете Аутомобилес и Фиат Крајслер.

Тавареш во последно време е ангажиран и на една од неговите фарми во централна Португалија, како и на виновите лозја во северниот регион Дуро, каде што тој го произведува своето прво порто.

Претходна објаваСитроен Ц3 Еркрос почна со продажба: Француската марка го решава мечот со тројка
Следна објаваСветот ја избра Киа ЕВ3 за најдобар автомобилски новитет во 2025 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here