за

Јан Копецки: Шампионски совети за возење во зимски услови

Јан Копецки Skoda совети зимско возење
Јан Копецки Skoda совети зимско возење

Фабричкиот рели-возач на Skoda советува, при возење во тешки зимски услови, секогаш да се има на ум тоа може да следува, односно да се вози претпазливо, со соодветна брзина, доволно растојание и со целосно внимание. Секако, има и „специјалистички“ совети.

Без разлика дали патиштата се влажни или покриени со снег, возењето зиме бара посебно внимание. Причината зошто во инструментите светнува предупредувачка светилка или се слуша остар звук, уште кога температурата е околу три или четири степени над нулата, лежи во тоа што при таа температура почнува да мрзне водата на патот. Тоа е опасниот „црн мраз“, односно тоа што меѓу нашите возачи е повеќе одомаќено како голомразица.

Чешкиот рели-професионалец Јан Копецки, фабрички возач на Skoda и светски првак во WRC2 во 2018 година, открива вредни совети, како навреме да се препознае дека на патот се случуваат некакви промени, но и како да се реагира правилно во случај кога зимата ќе ни подготви непријатно изненадување.

Како возачите да бидат подготвени за отежнатите услови на возење по влажен пат, по снег или мраз

Јан Копецки: Вистинскиот совет важи за секакви услови на возење и во сите сезони. Зад воланот мора целосно да се внимава на возењето и мора секогаш да се вози претпазливо, со доволно растојание, за во секое време да може да се реагира, и секако, со приспособена брзина. Пред поаѓање мора да се проверат временската состојба и прогнозата, за во одреден случај да се предвиди повеќе време за патување.

Со поаѓањето порано се избегнува стресот, особено кога се вози до работното место. Зимски гуми со длабочина на профил од најмалку четири милиметри секако дека се основен предуслов.

Како се препознава кога патот е лизгав

Копецки: Потемните места на патот при ниски температури се знак дека има голомразица. Кога на некое место ќе се забележи светкање, тоа е јасен знак да се поднамали брзината и да се вози посебно претпазливо.

Додека почнува да паѓа снег, патот обично е лизгав, а солта го топи снегот и со тоа прави патот да биде уште повеќе лизгав. Подоцна, кога снегот ќе биде убаво нагмечен, исто така не смее да се вози пребрзо, затоа што подлогата под снегот може да е замрзната, а возачот тоа не може да го забележи однапред. Основното правило е во таква ситуација да се одржува растојание од три секунди од возилото напред.

Како се реагира правилно кога патот ќе стане лизгав

Копецки: Правилото број 1 гласи: Задржување на присебноста и без нагли реакции. Брзината при снег или мраз на патот во секој случај треба да се смали барем за половина. Патот на сопирање при овие услови се продолжува три до четирипати. За возилото да не почне да лизга и возачот да загуби контрола, не смее да се врти нагло и да се сопира пресилно.

Треба да се притисне спојката кога возилото ќе пролизга, за тркалата во тој случај да треба само да го насочуваат возилото, а не и да добиваат дополнителна сила од моторот

Верувајте ми дека при лизгав пат, или воопшто не возам, или возам како во багажникот да носам свежи јајца. Кај возилата со мануелен менувач треба да се притисне спојката кога возилото ќе пролизга, за тркалата во тој случај да треба само да го насочуваат возилото, а не и да добиваат дополнителна сила од моторот. Доколку возилото сепак излизга во свијок, обично е доволно воланот малку да се одземе и со тоа да се коригира правецот. Преоѓањето на соседната лента, кога има снег на патот, исто така функционира најдобро, ако спојката притоа се држи притисната и возилото се пушти со малку повеќе залет да се префрли на соседната лента.

Што треба секоја возачка и секој возач да имаат во возилото во зима

Копецки: Гребач за мраз и метла за чистење на снегот се задолжителни. Некогаш е корисен спреј за одмрзнување, кој е голема помош ако слојот мраз е дебел. Синиџирите за снег секако се подразбираат при возење во планински предели, со важна напомена – местењето на синџирите треба да се извежба претходно, на суво место и со доволно време за тоа. Во садот за миење на стаклата мора да има доволно течност со заштита од мрзнење. Пред почетокот на зимата е препорачливо во сервис да се провери наполнетоста на акумулаторот.

Како се избегнува пролизгување на тркалата при поаѓање на лизгав пат

Копецки: Кај современите автомобили, во такви случаи обично помага контролата на тракција. Кај возила со мануелен менувач некогаш помага и поаѓањето да се изведе во вториот степен, со вешто балансирање со спојката и гасот, за моторот да не изгасне.

Не е на снег, но е близу…

https://www.instagram.com/p/Bxfh3yqDkke/

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW прославува во 2020: Првиот „боксер“ проработе пред 90 години

BMW прославува во 2020: Првиот „боксер“ проработе пред 100 години (Прв дел)

изнајмување паркинг лондон

Британци заработуваат од изнајмување на домашниот паркинг