Jaguar XJ220 го „освои“ Силверстоун за 25-годишнината

jaguar xj220

Четириесет примероци од Jaguar XJ220 се собраа на Силверстоун да одбележат четвртина век од соевремено најбрзиот автомобил во светот. Некои сопственици допатуваа специјално за настанот дури од Јапонија.

Повеќе од четириесет примероци од Jaguar XJ220 се собраа на патеката Силверстоун со намера во рекорден број да ја одбележат 25-годишнината на еден од најспектакуларните автомобили во историјата. Пред четвртина век, Jaguar XJ220 беше најбрз автомобил во светот. Но, и многу повеќе од тоа.

Со крајна брзина од 341 km/h, двоседот на Jaguar беше најбрз автомобил во светот

Суперавтомобилот со средишно вграден мотор и препознатлив дизајн беше претставен во 1992 година. Со крајната брзина од 341 километри на час, тоа беше најбрзиот сериски автомобил во историјата на Jaguar. Оваа титула важи и денес.

https://photos.app.goo.gl/jnDCsYkVBgDaByNS2

Во соработка со мотоспорт партнерот Том Вокиншо, Jaguar произведе само 271 примерок од XJ220 во периодот меѓу 1992 и 1994 година. Цената изнесуваше 470.000 фунти. На малкумина им се има посреќено да ја видат оваа легенда во живо – сé до минатиов викенд.

На чело на колоната Jaguar XJ220 со стартен број 50 и Дејвид Бребем зад воланот

Во организација на Don Law Racing, прочуен специјалист за XJ220, на англиската тркачка патека се појавија 42 примероци од автомобилот, пристигнати од сите краишта на светот. Колоната ја предводеше легендата Дејвид Бребем, во автомобилот со стартен број 50. Во истиот овој автомобил, Бребем победи во ГТ-класата на Леман во 1993 година – за потоа да биде дисквалификуван со контроверзна одлука.

https://photos.app.goo.gl/bsPky9qLFOVE0myk2

Сите четири примероци од XJ220C со тркачка спецификација се појавија на Силвестоун, вклучувајќи го и автомобилот со стартен број 52. Сопственикот Фукуда-сан пристигна дури од Јапонија за да учествува на прославата.

https://www.instagram.com/p/BXImXrNhKRu/

Иако првично беше замислено како погон да се користи V12 во комбинација со погон на сите тркала, заради исполнување на еко-нормите, серискиот XJ220 пристигна со 3,56-литарски V6 со твин-турбо. Моќноста од 550 КС се пренесува на задната оска преку петстепен мануелен менувач.

Претходна објаваКласичниот мотор на тризабецот на Maserati: Електромотор задолжителен по 2019
Следна објаваДолго возење и гледање ТВ го затапуваат умот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here