Јагуар Ланд Ровер назначи тројца менаџери да развиваат стратегија за електрични возила

Јагуар Ланд Ровер назначи тројца нови менаџери во време кога производителот се подготвува за следната фаза од своето преоѓање на електрични возила. Тоа меѓу другото предвидува и претворање на Јагуар во целосно електрична марка.

Британската Хаус оф Брендс ја назначи Шварна Раманатан како директорка за стратегија, преземајќи ја од консултантската куќа Мекинзи, каде што таа раководеше со огранокот на компанијата за автомобилизам и монтажа на возила. Пред тоа, Раманатан беше ангажирана како инженерка во Џенерал Моторс.

Раманатан доаѓа на местото на Андреа Дибејн, која што беше назначена привремено. Дибејн ја препушта својата одговорност за стратегијата, и својата работа во ЈЛР ќе ја продолжи како директорка за одржливост.

Двајцата ќе рапортираат пред извршниот директор Адријан Мардел.

Џон Бесвик пристапува во ЈЛР на новоотвореното место на директор за трансформација и бизнис перформанси, и исто така ќе одговара пред Мардел. Бесвик, инженер и книговодител како второ занимање, доаѓа во ЈЛР од болницата Грејт Ормонд Стрит во Лондон, каде што беше главен за финансиите.

Тој претходно работел и во телекомуникациите, кај британскиот гигант БТ Груп, откако ја почнал својата кариера како инженер во индустријата за производство на полупроводници.

Бесвик и Раманатан ја преземаат новата одговорност на 4-ти ноември.

Стив Марш е унапреден за водач во тимот за моделска програма на ЈЛР, од неговото досегашно место како директор за производството во глобални рамки. Марш ја презема функцијата што остана празна, откако Ник Колинс во почетокот на годината замина од ЈЛР и во моментов го предводи ЕВ-стартапот Форсевен.

Марш почна да работи во ЈЛР во април 2022, доаѓајќи од Нисан, каде што беше виш потпретседател за производство и набавка за фабриките на Нисан во САД и во Мексико.

Промените во менаџментот се дел од подготовките за Јагуар да се врати на сцената како целосно електрична марка, со сосем нова понуда од електрични модели, што ќе бидат „копија на ништо.“ Концептниот автомобил со којшто ќе се најави првиот нов Јагуар со електричен погон, како лимузина, ќе биде прикажан пред завршетокот на годината.

ЈЛР се движи внимателно во насоката на електромобилноста со своите знаменосци Рејнџ Ровер и Дефендер. Компанијата во 2021 година соопшти дека ќе лансира шест целосно електрични модели на Ланд Ровер до 2026 година, меѓутоа пред неколку месеци беше соопштено дека нивниот број се смалува на четири.

Претходна објаваКој друг ако не Мерцедес: Прва фабрика за рециклирање батерии во Европа
Следна објаваПазарот се загрева за електрични автомобили од Тесла, Волво и Шкода, се лади за Форд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here