за

iPhone наскоро ќе може да се користи како дигитален клуч

Моментно само телефоните со Android може да се користат како дигитален клуч за автомобил. Наскоро тоа ќе биде можно и со Apple iPhone.

Apple iPhone во иднина ќе може да се користи како дигитален клуч за автомобилот. Корисниците веќе подолго време ја очекуваат оваа фунција, а според објавите на специјализираните медиуми, наскоро и iPhone ќе ја добие оваа практична функција. Најсигурен знак за скоро пристигање на оваа функција е сменетиот пасус во изјавата за заштита на податоците, кадешто се наведува дека апликацијата Wallet ќе „овозможи додавање и споделување на клучеви за одредени возила“.

BMW и Audi веќе им нудат можност на своите клиенти да вчитаат дигитален клуч од возилото во својот телефон. Но, оваа функција досега беше достапна само за уреди со Android. Како прв партнер на концернот Apple се посочува BMW. Уште од верзијата iOS 13.4 стои на располагање соодветен интерфејс „CarKey“ за размена на комуникација.

Функцијата ќе се вклучува преку апликациајта на дадениот производител на автомобили или со помош на код, што ги поврзува возилото и iPhone. При регистрирањето, до телефонот ќе се пренесува „токен“ со информации за Apple-ID, како и актуелната локација на корисникот, слично како при регистрација на кредитна картичка. Apple ќе овозможи користење на клучот и за членови од семејството или пријатели.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Водородниот камион Nikola е само лага за собирање пари

Водородниот камион Nikola е само лага за собирање пари?

Kia Carnival IV crtez

Kia најавува нова генерација на семејниот ван Carnival