Honda произведе рекорден број возила во ноември

За еден месец Јапонците произведоа близу 400.000 возила, што е речиси за една четвртина повеќе отколку во минатиот ноември. За цела 2013 година, продукцијата ќе биде далеку над четири милиони!

Три месеци по ред производството во јапонските фабрики на Honda бележи рапидно зголемување, додека фабриките надвор од матичната земја се во плус веќе 22 месеци. Соодветно паѓаат и рекордите. Никогаш досега Honda не произвела повеќе возила за еден месец во Азија и Кина, како и во Северна Америка и САД.

Најпродаван модел на Honda на домашниот пазар е Fit, кај нас Jazz, кој во ноември забележа продажба од 26.235 возила, додека десети најпродаван модел е Freed со 4.788 возила. Во посебната категорија на мини возила со зафатнина на мотор под 660 cm3, првото место во продажбата исто така припаѓа на Honda, за моделот N-Box, кој во ноември доби 19.512 нови сопственици.

Претходна објаваТри литри потрошувачка е реалност во Јапонија
Следна објаваГрчката даночна управа ги чешла германските автомобилски марки

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here