за

Повеќе од 1.200 градови без жртви во сообраќај најмалку една година

Точно во почетокот на Неделата на ОН за безбедност на патиштата е објавена новата статистика којашто ја следи ситуацијата во градови со над 50.000 жители во 26 држави ширум светот.

градови без загинати во сообраќај

Повеќе од 1.200 градови што имаат повеќе од 50.000 жители, во 26 држави за коишто се води стастистика за безбедноста, почнувајќи од 2009 година, имале најмалку една полна година без загинати лица во сообраќај

Во статистиките за сообраќајни незгоди не мора секогаш да има за спомнување и број на лица што го изгубиле животот во сообраќајот. Како главна цел на постапување за локалните власти во голем број градови, исто како и за надлежните и засегнатите институции ширум светот, често се поставува т.н. сообраќај со нула жртви. Тоа е остварливо и тоа од година в година го докажува оваа статистика за 26 држави низ светот.

Статистиката ги бележи градовите што во временска рамка од најмалку една година ќе постигнат да нема ниту едно загинато лице во сообраќај. Истата се води од 2009 година и денес е објавена во обновеното издание, точно за почетокот на Неделата на ОН за безбедност на патиштата. Се следат околу 3.000 градови со повеќе од 50.000 жители во 26 држави.

Тоа не е утопија, туку е остварливо: Град без ниту едно загинато лице во сообраќај

Од 2009 година наваму, досега над 1.200 градови имале најмалку една година без ниту едно лице да загине во сообраќајот на улиците на градот. Најголем град со нула жртви е шведскиот Гетеборг со повеќе од половина милион жители. Не е занемарлив бројот на големи градови што не се фатални по своите жители: Еспо (Финска), Ставангер (Норвешка), Ахен (Германија), Шарбек (Белгија), Ле Авр (Франција), Салцбург (Австрија), Лозана (Швајцарија) и Виго (Шпанија).

Европа не е единствен „мајстор“ за безбеден сообраќај: Окснард (Калифорнија, САД), Ред Дир (Алберта, Канада), Буенависта (Мексико), Сузука (Јапонија) и Кемпбелтаун (Нов Јужен Велс, Австралија), исто се на нултата-листа.

Некои градови се издвојуваат и во „нулата“, затоа што најмалку шест години немале ниту една жртва во сообраќајот. Тоа се повеќе од 150 градови, меѓу кои се: Керпен (Германија, 10 години), Лејк Форест (Калифорнија, САД, 10 години) и Сиеро (Шпанија, 11 години).

Статистиката ја опфаќа и соседна Србија:

  • Сомбор (1 година без жртви во сообраќај)
  • Кикинда (2 години)
  • Вршац (3 години)
  • Пожаревац (1 година)
  • Ужице (2 години)
  • Зајечар (3 години)
  • Нови Пазар (1 година)
  • Пирот (2 години)

Неколку градови во Грција исто се покажуваат примерни: Пела (2 години), Серес (1 година), Каламариа (4 години), Катерини (1 година), Кавала (1 година)

Во статистиката влегуваат следните 26 држави:

  • Австралија
  • Австрија
  • Белгија
  • Велика Британија
  • Германија
  • Грција
  • Италија
  • Јапонија
  • Канада
  • Литванија
  • Луксембург
  • Мексико
  • Норвешка
  • Полска
  • САД
  • Словенија
  • Србија
  • Унгарија
  • Финска
  • Франција
  • Холандија
  • Чешка
  • Чиле
  • Швајцарија
  • Шведска
  • Шпанија

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes ќе ја облече зградата во Минхен во нова архитектура

Тука лизга опашот: BMW најавува ново купе во Серијата 2