Гордон Мареј работи паралелно на две крајности. По неодамнешната најава за новиот суперавтомобил T.50 со огромен вентилатор назад, сега следи градски едносед што управува самостојно и замислен е како решение за градскиот метеж. Погонот, секако е на струја.
Дизајнерското студио на Гордон Мареј раководи со развојот на малечок градски автомобил што управува самостојно и нуди неколку предности во споредба со сличните проекти. Возилото е наречено Motiv и ќе има премиера во вторник, на 11-ти ноември, во рамките на саемот за мобилност Move во Лондон.
Целта на овој проект што делумно е финансиран од британската влада е да се развие достапен и лесен квадрицикл, безбеден за патникот. Едноседот со електричен погон управува самостојно, а може да се користи и за достава на стока, со товарен простор од 1.100 литри. Motiv треба да ги замени големите автомобили по градските улици, во коишто обично се вози само еден човек. На тој начин ќе се смали метежот, а секако и загаденоста во градските центри. Роботското мини со должина од 2,54 метар и од висина 1,63 метар има слични пропорции со Smart, но суштинската разлика е во ширината – само 1,31 метар. Возилото поседува висока приспособливост и може да го користат и лица со инвалидска количка.
Масовното производство на Move би можело да стартува веќе за две години
Конзорциумот што го предводи дизајнерското студио на Гордон Мареј понатаму ќе соработува со партнери, што ќе помогнат возилото да се тестира во секојдневието и побрзо да ја достигне фазата за сериско производство. Тоа би можело да се случи за најмалку две, а најмногу пет години.
Електромоторот располага со моќност од 20 киловати (27 КС) и се напојува од батерија од 17,3 kWh, што е доволно за досег од сто километри. Крајната брзина е 65 km/h, што сосем одговара за примената во град. При користење брз полнач, батерија испразнета до 20% се полни до 80% за околу 40 минути.
Печат од конструкторот на F1: Вратата на роботскиот автомобил се отвора нагоре
Предноста на Motiv е во градбата на каросериската школка, според принципот што дизајнерското студио на Гордон Мареј го има патентирано како iStream. Школката е изработена од алуминиум, вратите и капаците се од композити, а делови од подвозјето исто така се од алуминиум. Резултатот: 450 килограми, без батерија. Ниската тежина на возилото секако дека ја намалува и потрошувачката на струја, така што и капацитетот (и тежината) на батеријата се смалува.
Технички податоци
Gordon Murray Automotive – MOTIV
ПЕРФОРМАНСИ
0-100 km/h за 5 секунди
Крајна брзина 65 km/h
ДИМЕНЗИИ
Должина 2,537mm
Ширина 1,310mm
Висина 1,628mm
Тежина <450kg (без батерија)
КАРОСЕРИЈА
Школка iStream Superlight
Исполнува безбедносна норма за возила од категорија M1
Погон назад
Врата со горно отворање, за едноставно влегување и потреба од помалку простор
Автоматско отворање на вратата
КОНЦЕПТ
Квадрицикл од категорија L7e, безбеден на краш-тест според M1
Едносед
Подготвено за вградување техника за автономно возење
ПОГОН / БАТЕРИЈА
Досег 100km (WLTP)
Употреба без прекин 5 часови
Електромотор 20kW
Номинален напон 361V
Вртежен момент 4 Nm
Батерија поставена под подот
Капацитет на батерија 3kWh (вкупно); 13.8KWh (искористлива)
Време на полнење 40 минути (CCS, 20% – 80%)
ПОДВОЗЈЕ
Водење на предните тркала мекферсон
Водење на задните тркала iLink
Бандажи од 13 инчи
Напред диск сопирачки
Назад сопирачки со регенеративно дејство
ОПРЕМА ВО КАБИНА
Клима уред
Вграден дисплеј од 24 инчи