за ,

Golf победува на тестовите и како електричен автомобил

4. VW E-GOLF, продадени примероци 6,028 -

Германскиот магазин Auto Bild објави споредбен тест на три електрични автомобили. Овојпат меѓу нив е и Golf. Кој е победникот на тестот? Противници беа BMW i3 и Nissan Leaf.

Volkswagen обично доцни зад трендовите и ги прифаќа кога на пазарот веќе се издвојуваат големи имиња. Така беше прво со семејниот ван Touran, потоа и со компактниот теренец Touareg. Тоа се само неколку примери. Моделите се појавија задоцнето, стартуваа со продажба – и ги освоија високите позиции во продажбата во соодветните класи. Овојпат не се работи за нов каросериски концепт или дизајнерски правец, туку за технологија којашто веќе не вози во иднината – за погонот на струја.

Golf отсега вози и на струја. Ова е заклучокот на магазинот: „Volkswagen се потпира на позната, но и мошне докажана основа и ја спојува со современ електричен погон. Готов е E-Golf. Тој не се издвојува особено во некое подрачје, но затоа и не си дозволува слабости. Тоа е типично за Golf. Иновативниот и спортски, но и непрактичен за секојдневието BMW i3 мора да се повлече. Нехармоничниот Nissan Leaf, пак, не може да сокрие дека заостанува една генерација.“ Мала напомена околу фактичната ситуација: Nissan Leaf е најуспешниот големосериски автомобил со погон на струја во светот и воедно пионер во сериската реализација, во меѓувреме присутен во втора генерација, додека BMW i3 е најиновативниот и технички најнапреден електромобил на струја, меѓу другото со каросерија изработена во поголем дел од лесен и скап карбон, со цена од 35.000 евра. Тоа сепак не им помага во борбата против Golf. Тој победува дури и кога станува збор за погонот на струја. Golf е едноставно непобедлив.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто толку ги крадат фаровите на Range Rover?

BMW ќе произведува автомобили и во Мексико