Поскапи акцизи кај нас, во Германија субвенции за купување автомобили

Ангела Меркел, Германија, Volkswagen, можеме да постигнеме голем напредок во насока на подобрување на подносливоста за животната средина
Ангела Меркел, Германија, Volkswagen, можеме да постигнеме голем напредок во насока на подобрување на подносливоста за животната средина

Германија ќе воведува субвенции за нови автомобили, со цел да се зголеми продажбата во земјата. Канцеларката Ангела Меркел цени дека при субвенционирањето треба да им се даде повеќе предност на возилата што помалку ја загадуваат животната средина.

Германските власти веќе извесно време подготвуваат воведување субвенции, со коишто ќе се поттикне продажбата на нови автомобили во земјата. Тоа што животната средина буквално се препороди, откако беше регистрирано драстично намалување на загаденоста ширум светот, како резултат од ограниченото движење поради пандемијата, наведе политичарите и институциите да стават уште поголем нагласок на заштитата на животната средина.

Германската канцеларка Ангела Меркел, посочува јасно на оваа шанса за стопанството и за климата: „Особено е важно, при кроењето на програмите за заживување на стопанството, постојано да ја имаме предвид заштитата на климата и да одредиме јасно, дека нема да штедиме на заштита на животната средина, туку ќе вложуваме во технологиите што имаат иднина.“

Едната страна бара шансата да се искористи за повеќе да се поттикне продажбата на електрични автомобили, другата страна бара субвенциите да важат за сите, вклучувајќи дизели и бензинци со норма Euro 6d

Автомобилската индустрија во земјата бара државни субвенции за откуп на старите возила и за нивна замена со нови автомобили, со цел да се зголеми продажбата, која забележа голем пад поради корона-кризата. Жестока дискусија се води околу тоа, дали субвенциите да се ограничат само на погон што не ѝ штети на животната средина или тие да важат за сите видови автомобили. За 5-ти мај е планирано сојузната влада да се состане со претсавници од автомобилската индустрија.

Некои организации предлагаат и воведување на „субвенции за мобилност“, во коишто ќе бидат опфатени и електрични велосипеди или пониски цени за користење на јавниот превоз и железницата. Други здруженија, пак, се против тоа субвенциите да важат само за електричните возила и се залагаат државата да учествува и во цената на возилата со дизел или бензински мотор, кои ги задоволуваат актуелните норми Euro 6d-Temp и Euro 6d.

Првиот човек на концернот Volkswagen: „Можеме да постигнеме голем напредок во интерес на животната средина“

Шефот на Volkswagen, Херберт Дис, бара политиката да изнајде решение колку е можно побрзо: „Ќе нé радува, доколку политиката ја поттикне продажбата. Во исто време, можеме да постигнеме голем напредок во насока на подобрување на подносливоста за животната средина.“

Наспроти тоа, Дојче Банк, предупредува да не се повторува субвенцијата како што беше случајот во 2009 година. Банкарите посочуваат на тоа дека субвенцијата за замена на старите и купување нови автомобили има само привремен ефект и води кон значително слабеење на пазарот во периодот што следи. Покрај тоа, „со субвенционирањето на електричните автомобили веќе постои еколошки ориентирана премија“. При купување чисто електричен автомобил, субвенцијата изнесува 6.000 евра.

Европски градови им препуштаат улици на пешаци и велосипедисти

 

Претходна објаваЕвропски градови им препуштаат улици на пешаци и велосипедисти
Следна објаваDaimler сепак профитабилен во првото тромесечје

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here