Франкфурт бара замена за авто-салонот, хотелите мора да се полнат

Франкфурт бара замена за авто-салонот, хотелите мора да се полнат
Франкфурт бара замена за авто-салонот, хотелите мора да се полнат

Големиот салон на автомобили ИАА повеќе не се одржува во Франкфурт. Тоа е голем удар за сајмиштето во градот, но сега се јавија и хотелиерите и угостителите, кои очекуваат голем пад во прометот поради откажувањето на салонот што во градот се одржуваше близу 70 години.

Франкфуртскиот Саем бара замена по заминувањето на престижниот салон на автомобили ИАА. Производителите на автомобили во земјата, коишто го организираат салонот, гласаа за целосно нов почеток на браншата. Интернационалниот салон на автомобили се одржуваше во градот на Мајна уште од 1951 година и покрај саемот на книгата беше меѓу најпосетените и најзначајни манифестации во Франкфурт.

Во следните недели ќе се решава меѓу Берлин, Хамбург или Минхен, како домаќини за изданието на германскиот салон во 2021 година. Салонот лани го посетија 560.000 лица, наспроти 810.000 посетители преклани. Еколозите извршија силен притисок, поради тоа што на салонот се ставаше голем нагласок на големите и моќни автомобили. Браншата сака да го искористи преселувањето на салонот како импулс за нов почеток и промена на концепот на салонот, во манифестација што ќе биде посветена на сите видови на мобилност, вклучувајќи ги и новите услуги во тој поглед.

Хотелите и рестораните стравуваат од огромен пад во прометот

Хотелиерите и гастрономите се шокирани од тоа што салонот ИАА повеќе нема да се одржува во Франкфурт. Од нивната асоцијација Дехога ценат дека „одлуката е црн ден за саемската историја на Франкфурт“.

ИАА е еден од најзначајните саеми за Франкфурт, чиешто влијание излегува од границите на градот. „Угостителството најмногу ќе го плати данокот преку огромно намалување на прометот.“

Во асоцијацијата на угостители не очекувале дека автомобилските производители ќе гласаат против Франкфурт. Во средата постоел голем оптимизам на тркалезната маса со претставниците од Градот, дека Франкфурт ќе биде домаќин и на следниот ИАА во 2021 година. Под знак на прашање доаѓа и одржувањето на саемот на добавувачите на автомобилската индустрија Аутомеханика, којшто исто така се одржува во градот.

Угостителите ценат дека Франкфуртскиот Саем мора да обезбеди нова голема манифестција на некоја бранша во градот на Мајна. Потребно е да мине долго време додека се надомести за заминувањето на ИАА, кој во градот се одржуваше близу седум децении.

https://www.instagram.com/p/B753V05hYBj/

Претходна објаваВо борба за најголем производител во светот: Toyota со рекорд, Volkswagen прв
Следна објаваHyundai Kona Electric ќе се произведува и во Чешка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here