Ford повикува 1,3 милион пикапи во сервис

Поради проблеми со бравите на вратите, повеќе од еден милион сопственици на Ford во Северна Америка мораат да ги однесат своите возила во сервис. Постои опасност вратите да се отворат среде возење.

Вториот најголем производител на автомобили во САД повикува 1,3 милион возила во сервис поради проблеми со вратите на возилата. Повикот се однесува на одредени моделски верзии од пикапите F-150 и Super Duty, произведени меѓу 2015 и 2017 година. Станува збор за исклучително популарен модел, за најпродаваното возило на американскиот пазар во последните три децении.

Поради дефект во бравата, постои опасност вратите да се отворат среде возење. Најголемиот дел од возилата, односно повеќе од 1,1 милион примероци погодени од сервисниот повик се во САД, над двестотини илјади возила се продадени во Канада и околу 20.000 во Мексико. Досега не се регистрирани незгоди поради овој дефект.

Милионскиот сервисен повик ќе го чини американскиот производител 267 милиони долари.

Претходна објаваРаботењето во Tesla далеку од холивудски филм
Следна објаваAlfa Romeo Stelvio не им се допаѓа на Кинезите, продукцијата се скусува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here