Fiat се враќа од САД и Кина: Останува само Jeep?

fiat 500

Шефот Серџо Маркијоне подготвува нови планови за иднината на италијанско-американската групација. Во нив се спомнува и запирање со продажбата на Fiat во Северна Америка и Кина

Италијанско-американскиот производител на автомобили Fiat Chrysler наводно планира да ја прекине продажбата на марката Fiat во Северна Америка и Кина. Како што објави агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на упатени извори, Chrysler целосно ќе се посвети на американскиот пазар. По примерот на конкурентските концерни, се планира и основање на сопствена банка во САД.

Во плановите се спомнува и удвојување на продажбата на марката Jeep до 2022 година. Понатаму, марките Alfa Romeo и Maserati ќе се менаџираат заеднички. Концернот ќе ја претстави новата стратегија веќе в петок. По објавувањето на веста од Bloomberg, акциите на Fiat Chrysler пораснаа за повеќе од 4 проценти.

Fiat Chrysler моментно се соочува со технички проблеми во САД. Во минатата седмица беше објавен сервисен повик за 4,8 милиони возила, поради можни проблеми со темпоматот.

Во меѓувреме, на европскиот пазар, се докажува неуништливоста на имиџот на торинската марка, меѓу другото и како специјалист за градски автомобили со душа. Fiat 500 достигна продукција од два милиони примероци, побарувачката не стивнува.

Претходна објаваPeugeot ја зголемува продукцијата на СУВ-модели во Европа
Следна објаваРекорд на Land Rover со колона од 632 возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here