за

Почина Серџо Маркијоне, човекот што ја поправи италијанската автоиндустрија

fiat серџо маркијоне

Шефот на Fiat Chrysler почина. Серџо Маркијоне постигна чудо за италијанскиот производител, вети дека ќе го ослободи Fiat од долгови и го оствари ветувањето кусо пред да замине

Серџо Маркијоне почина. Fiat го соопшти тоа, а веста за смртта на топ-менаџерот веднаш потоа ја објавија и Кориере дела Сера, Ла Република и останатите италијански медиуми.

По операцијата на рамо во почетокот на јули се случиле неочекувани компликации. Концернот Fiat Chrysler во саботата објави официјално дека здравствената состојба на долгогодишниот генерален директор се влошила значително.

Маркијоне три недели се наоѓаше на Универзитетската клиника во Цирих, кадешто му беше извршена операција на рамото. Зафатот бил извршен поради отстранување на канцерогено ткиво.

Според италијанскиот економски портал Летера, Макијоне доживеал срцев удар за време на оперативниот зафат и потоа западнал во кома.

Маркијоне беше визионер, но и преговарач со цврст став, особено во поглед на барањата на синдикатите, како и на случувањата во формула 1. Неговите маркантни коментари ќе се цитираат уште долго време.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat Tarraco pretpremiera za 10_1

Seat изведе театарска престава за десет

opel рекорд никола валде

Оваа дама ќе извози 1.200 km на мускули – за еден ден