Италија си ја избра Фиат Гранде Панда за автомобил на 2026 година

Новинарите во Италија дадоа најмногу гласови за стилот, иновативноста и достапнота на Фиат Гранде Панда, што денес се бара од еден автомобил повеќе од кога било досега.

Здружениeто на италијанските автомобилски новинари ѝ додели награда Ауто Европа 2026 на Фиат Гранде Панда. Годинава 40-ти пат се избираше автомобил на годината во Италија.

Уште од првиот Тополино од средината на 1930-те години, преку самиот Чинквеченто, па понатаму Панда, Сеиченто, Фиат отсекогаш се борел за мобилноста да ја направи достапна за што е можно поширок круг купувачи. Но, сите овие големи автомобили, никој не ги гледаше како евтини и едноставни, туку првенствено како Фиати, како марка што народот ја сака.

Тоа се докажа и со новата Гранде Панда, за којшто Торино вели дека ја „отелотворува мисијата на Фиат секому да му се понуди слобода на избор“. Денес тоа подразбира и избор на повеќе видови погон, од бензинец, преку благ хибрид, до целосно електричен погон.

Доаѓаат наградите, Фиат Гранде Панда е Ауто Европа 2026, награда што годинава по 40-ти пат ја доделува Здружението на автомобилски новинари во Италија. Во гласањето, покрај новинарите, учествуваа и 160 градители на јавното мислење за автомобилската сцена и публиката со онлајн-гласањето.

Бројни модели на Фиат ја имаат освоено оваа награда, вклучувајќи ги Типо во 1989 и Пунто в 1995 година, потоа Панда во 2004 и електричниот 500е во 2022 година.

Марко Фрески, директорот за комуникации во Фиат, порача: „Наградата Ауто Европа доаѓа во клучен момент за континенталниот пазар, каде што се бара конкретна, елегантна и одржлива визина за мобилноста: своевиден начин да се доживее автомобил што соединува технологија, емоции и одговорност.“

Од градителите на јавното мислење, најмногу гласови освои Мерцедес ЦЛА, додека публиката гласаше најмногу за Џип Компас.

Наградата ја додели основачот и директор на Торино Дизајн, Роберто Пјати, кој се присетува дека Ауто Европа „освен признание за техниката, претставува и културно признание, како знак за постојаност за тие што автомобилот го гледаат како најмоќен израз на дизајнот, иновацијата и страста.“

Претходна објаваДонгфенг Мејџ доаѓа и во хибридна изведба, Кинезите веќе продаваат приклучен хибрид
Следна објаваВенеција станува нов центар на Фолксваген за извоз на автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here