Ете зошто Fiat 500 владее со сцената на малечките автомобили

Fiat 500 Spiaggina

Fiat 500 Spiaggina ’58 ќе се произведе во серија од 1958 примероци, со стилски детали од оригиналот од пред 60 години. Што се однесува до специјалните серии, на Fiat дефинитивно не му недостигаат идеи

Возачите во поголемиот дел не ги сакаат малечките автомобили. Но, кога ќе се додаде голем имиџ, автомобилите престануваат да бидат малечки. Fiat може да изведе уште сто специјални серии од „500“ и нема да биде здодевен. Од една страна, Италијанците владејат со стилот, од друга страна, Fiat 500 има оставено богато наследство.

Последниот во низата специјални серии е Fiat 500 Spiaggina, како посеќање на оригиналот од летото ’58-мо, кој бил омилен превоз за сопствениците на јахти и друштвото во крајбрежјето на Капри. Со прекар што значи „лежалка за плажа“, овој Fiat е симбол на Dolce Vita, на слаткиот живот.

Fiat 500 Spiaggina 1

Серијата ќе се изработи во само 1.958 примероци, според годината на појавувањето на првата Spiaggina. Не толку случајно, во истата година светот за првпат го слуша „Воларе“, италијанскиот евергрин. Fiat во таа чест сними и видео спот, како придружба за премиерата на лимитираниот модел.

Највпечатливиот детал е воларе-сината боја, којашто е изработена специјално за Spiaggina. Во стил на оригиналот е и белата линија по целиот обем. Внатрешноста е во две бои, секаде има по некое лого што се повикува на времето од пред шест децении. Бандажите од 16 инчи исто така се во стилот на 1950-те години. Моделот е достапен само во кабриолет изведба.

Уште две легенди на италијанскиот дизајн се придружија на јубилејот на Fiat 500 Spiaggina

На премиерата на новата Spiaggina се придружија уште две големи имиња од италијанската автомобилска сцена: Креативната работилница Garage Italia и легендарната Pininfarina. Тие го изработија Spiaggina by Garage Italia, како салонски примерок кој уште поверно го доловува духот на Воларе и Долче Вита.

Fiat 500 Spiaggina 11

Вообичаено за специјалните серии на база на Fiat 500, опремата е импресивна: Автоматска клима, паркинг сензори, дисплеј од 7 инчи заедно со Uconnect систем за поврзување со мобилен телефон и навигација. На избор стојат 1,2-литарец со 69 КС и двоцилиндарскиот TwinAir со 85 КС.

Италијанските стилисти се надминаа себеси со бројот на специјални серии на база на Fiat 500

Fiat 500 Spiaggina ’58 се надоврзува на низата лимитирани серии на база на ретро-моделот, од кои ги помниме Diesel, Gucci, GQ, Riva, Abarth Rivale, 560, Anniversario и Mirror.

Fiat_500-Jolly-Spiaggina

Fiat 500 Jolly се појави по една година од премиерата на Fiat 500 на 4-ти јули 1957, како прва специјална серија од култниот автомобил. Моделот го доби прекарот Spiaggina, се произведуваше во каросериската работилница Ghia до 1965 година и се продаваше во Европа и САД, па дури и во Јужна Африка. Со цена двапати повисока од стандардниот модел, Spiaggina се најде во возниот парк на највлијателните личности од јавната сфера, како магнатот Аристотел Оназис или актерот Јул Бринер.

[FAG id=33519]

Претходна објаваSuzuki Jimny заслужува да се нарече теренец
Следна објаваОвој мотив е дел од кампањата за новиот Mercedes C-Class

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here