Ferrari ги запре фабриките, добавувачите направија проблем

Ferrari ги запре фабриките, добавувачите направија проблем
Ferrari ги запре фабриките, добавувачите направија проблем

Италијанските власти издејствуваа фабриките да продолжат да работат и покрај кризата со вирусот. Планот за економијата да се одржува во живот сепак не успева кај сите производители, како што покажува примерот со Ferrari.

Италијанскиот производител на спортски автомобили Ferrari ќе ги затвори своите две фабрики во времетраење од две седмици, поради вирусот корона. Компанијата во почетокот вложуваше напори да го одржи работењето на фабриките, но проблемите дојдоа однадвор. Како што се наведува во соопштението, „сериозните проблеми во синџирот од добавувачи“ го оневозможуваат натамошното производство.

Фабриките во Маранело и Модена ќе бидат затворени до 27-ми март. Не работи ниту „скудеријата“, односно тимот што е задолжен за активностите на марката во формула 1. Шефот Луи Камилери наведува дека одлуката била донесена „од почит“ и заради „спокојство“ на работниците и добавувачите на Ferrari.

Италијанската влада претходно постигна договор со синдикатите и работничките здруженија, за фабриките да продолжат да работат и покрај вирусот корона. Премиерот Џузепе Конте објави на твитер, дека спогодбата има за цел „да придонесе за општите државни интереси и за заштита на здравјето на работниците.“ Со спободбата се предвидуваат повисоки сигурносни стандарди, според кои работниците имаат право на маски и друга заштитна опрема, доколку не можат да работат на сигурна оддалеченост.

 

Претходна објаваПродажбата на Volkswagen смалена за четвртина поради вирусот
Следна објаваЈубилеј на Suzuki: Сто години на марката што не знае за лоши вести

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here