Европски автомобили поскапуваат во Кина поради трговскиот спор со САД

bmw x3 kina

Неколку европски производители на автомобили најавуваат поскапување на своите модели на кинескиот пазар, поради заострувањето на трговскиот спор меѓу САД и Кина

Поради трговскиот спор меѓу САД и Кина, двете најмоќни економии во светот, некои производители на автомобили веќе планираат да ги зголемат цените на пазарот во Народната Република. BMW во петокот соопшти дека ги калкулира „неопходните поскапувања“ за моделите коишто ги произведува во САД и оттаму ги извезува на кинескиот пазар. Во фабриката во Спартанбург, во Јужна Каролина, се произведуваат повеќето моделски серии од теренската гама X на Баварците. Лани од американската фабрика на BMW биле испорачани 100.000 теренски возила за пазарот во Кина.

Претходно реагираше и Daimler, кој им соопшти на своите акционери дека очекува намалување на заработката, како последица од трговскиот спор. Производителот на Mercedes наведе дека зголемените царини во Кина, за автомобили што се произведени во САД, не треба целосно да се префрлат на товар на купувачите.

Претходна објаваТоп 10 совети за добро да го продадете автомобилот
Следна објаваПикапот на Ford во служба на велосипедистите на Тур де Франс

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here