Викендов во Скопје се одржуваше возно дефиле со стари и ретки автомобили во знакот на хуманитарниот настан на институцијата DFCCA. Целта на собирот беше да се привлече вниманието на јавноста за неопходноста од превенција на канцерот на дебелото црево. Настанот во исто време се одржуваше во 100 градови низ светот и низ 13 градови во Македонија.
Еуроимпекс на манифестацијата се претстави со новиот Peugeot 5008 GTi
Компанијата Еуроимпекс учествуваше активно на настанот, претставувајќи го новиот теренец Peugeot 5008 GTi. Колоната од околу педесетина возила во неделата појде од станицата на ПСС на Зајчев Рид и се упати кон ресторанот Белви, за потоа да пристигне до крајното одредиште, Картинг Центарот во близина на Арената Борис Трајковски. Еуроимпекс даде дополнителен придонес во одбележувањето на настанот со сервисни погодности за донаторите на хуманитарниот настан.
Еуроимпекс се приближува до одбележувањето на своето 30-годишно постоење и моментно се јавува како увозник на 11 брендови. Peugeot е носечкото лого во работното портфолио на компанијата, којашто француската марка освен во Македонија ја увезува и за пазарите во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Работниот персонал во Еуроимпекс моментно брои 80 лица.
[tie_slideshow]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]





















