за

Кинеските електрични автомобили ќе ги бара и светот

Neta N01

Насловите за кинеската автоиндустрија веќе одамна не се однесуваат на дизајнерски копии на BMW и Fiat или на техника од пред две децении. Нови електрични автомобили се појавуваат постојано, некои од нив би сакале да ги возиме и тука

Предрасудите за кинеските автомобили и за кинеските автомобили со електричен погон се посилни и од убедувањето дека европската автомобилска индустрија ќе се урне откако ќе и го укинат дизелот. Но, многумина би се изненадиле од напредокот што го остварува браншата во Кина.

Некој води беспрекорно осмислена стратегија што ја води кинеската автоиндустрија напред, а тој „некој“ се искусни и скапо платени менаџери пристигнати од водечките производители на автомобили. Престижните и супербрзи електрични автомобили што го полираат имиџот на погонот на струја се веќе наместени за старт, Кина прави уште еден чекор напред и на пазарот му нуди евтни електрични автомобили – на домашниот пазар, кој е доволен и сам за себе, бидејќи во светот не постои поголем пазар од кинескиот.

Neta N01 2

Neta N01 е малечок кросовер со пристоен изглед и уште попристојна цена. И електро-квалитетите не отсуствуваат

Значи, уште една марка електрични автомобили. Neta е името на марката, а првиот модел соодветно е означен N01. Станува збор за малечок кросовер, што исто така е совршен погодок, затоа што локалниот пазар моментно бара кросовери и СУВ-модели, и погон на струја.

Можеби N01 има по малку нескладни пропорции, но и тие стануваат неважни кога ќе се земе воланот во рака. Електричниот кросовер е долг околу 3,9 метри, широк 1,65 и висок 1,61 метар. Багажникот од 280 литри е сосем пристојна големина во класата.

Neta N01 3

Многу поважна е погонската техника. Со едно полнење, Neta N01 може да извози 380 километри. При користење брз полнач, батеријата се полни до 80% за само половина час.

Многумина ќе се израдуваат откако ќе воочат дека кокпитот изгледа евтино и едноставно, и нема да погрешат. Цената на N01 изнесува околу 10.000 евра. За парите се добива и дисплеј од десет инчи, веројатно истиот што ќе се сретне и во некој европски концерн, но со пластично лого на марката залепено озгора. Има дури и „виртуелен“ кокпит.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Espada

Lamborghini одбележува 50-годишнина на Espada и Islero

volkswagen moia hanover start

Volkswagen ќе биде новиот „Uber“ во Хамбург