Не постои салон на автомобили што е сличен со женевскиот. Таму скапите автомобили се поскапи, малечките автомобили се екстравагантни, ексклузивните креации уште поексклузивни. Богатите купуваат директно од штанд, некои автомобили се апсолутни уникати.
Пред публиката на салонот во Женева не може да се настапи со обичен автомобил за секој ден. Во сенката на планинските врвови околу езерото Леман, кои уште долго ќе останат под снежна покривка, автомобилите мораат да бидат необични, спектакуларни, ако ништо друго, барем нека имаат многу коњски сили. Малосериските автомобилски производители ги продаваат своите уникати директно од штанд. Богатите купувачи си избираат по вкус од Bentley, Maybach или Lamborghini и си заминуваат дома со нов автомобил. Толку е „едноставно“.
David Brown Mini Remastered
Од големината на автомобилот не може да се заклучи неговата цена. Тоа што изгледа како Mini, всушност доаѓа од малосериската работилница David Brown. Британците направија нова верзија на оригиналното Mini, со неколку значајни преправки. Подвозјето на Mini Remastered е непроменето, исто како и каросеријата, но техниката е најнова. Фановите на Mini може ќе останат вчудовидени од цената од преку 100.000 евра. Оние што не можат да му одолеат на мини-волшебството, веднаш си нарачуваат примерок за дома.
Pal-V Liberty
Автомобилите во Женева можат и да летаат. Таков е случајот со холандската фирма Pal-V, којашто не произведува друго освен летечки автомобили. Возачите што не трпат да се возат во метежот околу Женевското Езеро, имаат вистинско решение во летечкиот Liberty. Со жирокоптерот може да се одлета до 500 километри со брзина до 180 km/h. Некои ќе проценат дека цената од 300.000 евра е соодветна за оваа привилегија. Но, холандската фирма прво ќе ги произведе примероците што чинат по половина милион евра, па дури потоа следи „евтината“ верзија.
https://www.facebook.com/mansory/posts/2218029131595192
Со Bugatti Veyron не може да се привлече многу внимание во Швајцарија, особено откако ексклузивната марка од Алзас го лансираше новиот модел Chiron. Но, можеби постои начин да се дојде во центарот на вниманието. Потребно е само да се заврти телефонскиот број на тјунерската работилница Mansory. Таму се работи исклучиво со најскапи автомобили и со најпрефинети вкусови. Годинава во Женева може да се види последното стилско достигнување на Mansory, а тоа е каросерија обложена со „листови“ од керамика и мермер. На тоа следуваат и дијаманти во логоата напред и назад. Тоа што некои апсолутни непознавачи коментираат на социјалните мрежи дека возилото изгледа „како да го покакале птици“, не ја намалува вредноста на автомобилот. А, таа е астрономска.
McLaren Senna
Во вакво опкружување, супер и хиперавтомобилите од ковот на McLaren Senna, Ferrari 488 Pista, Lamborghini Huracan Performante Spyder или Fenyr Supersport изгледаат речиси како нормални автомобили. Rolls-Royce, исто така. Британската традиционална ексклузивна ненадминлива автомобилска куќа донесе три уникати во Женева. Сите три се различни верзии од новиот Phantom, и сите три се изработени на посебен начин. Со тоа, Rolls-Royce уште еднаш му докажува на светот дека буквално не постои желба или барање на клиентот, што тие не можат да ја исполнат. Тоа, секако, подразбира и соодветна цена.
[FAG id=30941]
Летечки автомобил од половина милион евра на салонот во Женева
Кинескиот хиперавтомобил на струја повторно на женевскиот салон
Овие марки може да се сретнат само на салонот во Женева
Четири автомобили со над 1.000 коњски сили на салонот во Женева




















