Donkervoort веќе четириесет години ја негува традицијата на производство на чистокрвни и ултралесни спортски автомобили. Целта секогаш е иста: Да се изработи автомобил што ќе понуди врвни перформанси и возни својства, а соодветно на тоа и врвно возачко уживање.
Холандскиот производител викендов ја одбележа 40-годишнината. По тој повод беше преставен и јубилејниот модел Donkervoort D8 GTO-40. На 1-ви јули 1978 година, тогаш 28-годишниот Јоп Донкерворт го стартуваше моторот на првиот модел на Donkervoort, на S7.
Четириесет години подоцна Donkervoort уште го привлекува сето внимание на сцената, во ерата на електричните и роботизираните автомобили со големи дисплеи од коишто може да се нарача дури и испорака на пица во возилото
По првиот S7 следеа бројни модели, меѓу кои и славниот D10. Пред три децении, овој модел стана светски рекордер во забрзување. Моделите S8 и D8 добија и тркачка серија во којашто учествуваат возачи од цел свет. Купот на Donkervoort се одржува веќе цела деценија. Врв во серијата е моделот D8 со 270 КС, кој двапати поставуваше рекорд на Нирбургринг. Фановите на марката уште се сеќаваат на победата на затворената моделска верзија D8 GT на 24-часовниот маратон во Дубаи во 2011 година.
Петцилиндарски 2.5 TFSI со 415 КС се соочува со 678 килограми
Во чест на јубилејот пристига D8 GTO-40, којшто ја воспоставува врската меѓу возачот и автомобилот во досега најчистата форма. Многу е постигнато во смалувањето на тежината, којашто и без тоа не е проблем за возилата на Donkervoort.
Масивно е користена сопствената технологија на изработка на карбонски елементи Ex-Core. Оваа технологија неодамна беше номинирана за ЕУ-донациите за напредни материјали.
Основата на D8 GTO-40 е цевната рамка. Во соработка со инженерите на Tata Steel е развиена шасија, којашто е покрута за 15 проценти, а воедно е олеснета во споредба со стандардниот модел. Во намалувањето на тежината учествуваат и издувот од титан и литиум-јонскиот акумулатор.
Donkervoort повеќе е тркачки костум отколку автомобил
Карбонот на бандажите не е само за „украс“. По нарачка, Холанѓаните ќе ги вградат уникатните и ултралесни бандажи од карбон. По соодветна цена, исто така. Како резултат од сите одделни мери, D8 GTO-40 е за 22 килограми полесен во споредба со верзијата на D8 GTO од 2011 година.
Во тоа што само условно може да се нарече каросерија, додадени се неколку елементи за зголемување на потисокот и подобрување на аеродинамичкиот баланс. За моторот и сопирачките е обезбедено дополнително ладење, преку канали за воздух напред и во задните крила.
Секако дека во Donkervoort можат да одговорат на сите барања на клиентот, сепак станува збор за малосериска, рачна продукција. За јубилејниот D8 GTO-40 се потребни 159.600 евра, не вклучувајќи даноци. Серијата ќе се изработи во само 40 примероци. Повеќе од половината е веќе резервирана.
[FAG id=32335]
Во 14 примероци, супербрз и суперскап: Donkervoort D8 GTO Bilster Berg…
Caterham Seven: 30.000 евра за пет секунди од 0-100 km/h
Во овој клуб на Менхетен сите сакаат да членуваат
Lotus Exige Cup 430 во нелимитирано издание
Elise Cup 250 е најбрзиот четирицилиндарски Lotus во историјата
















