за

Dallara Stradale за вистинските уживатели во возењето

Dallara Stradale

Прочуениот италијански конструктор Далара го оствари својот сон за тркачки автомобил што може да се вози и во секојдневието. Првиот примерок од Dallara Stradale денес излезе од фабриката во Варано, со 81-годишниот Џанпаоло Далара зад воланот.

Големите производители практикуваат да си подарат спектакуларни автомобили за големите родендени. Оваа спрега функционира многу подиректно кај помалите фирми. Џанпаоло Далара, како подарок за 80-от роденден доби бескомпромисна тркачка машина од својата фирма. Тоа беше лани, кога возилото уште беше во фаза на прототип, без хомологација и без завршната нота во сетапот. За овој 16-ти ноември, првиот примерок од Dallara Stradale е веќе подготвен за возење во нормален сообраќај.

Dallara Stradale 2

Името Dallara прерасна во синоним за мотоспорт набрзо откако Џанпаоло Далара ја основаше фирмата пред 45 години во италијанскиот Варано де Мелегари – по работењето како конструктор во Ferrari, Maserati и Lamborghini. Прочуениот италијански инженер пред две години започна да ја реализира идејата за „автомобил што ќе го врати вистинското уживање при возење по пат или по патека“. Тим од дваесет инженери и петмина механичари под раководство на Далара ја спроведоа идејата во реалност.

Верувам дека и Колин Чепмен, на когошто му се одушевувам уште од времето на неговиот Lotus Seven, би ја ценел едноставноста на овој автомобил Џанпаоло Далара, претседател на Dallara Automobili

Dallara Stradale во основната изведба е тркачки едносед, без врати. Во Варано можат да го изработат автомобилот и како родстер или тарга, како и да вградат врати што се отвораат нагоре и да го претворат Stradale во спортско купе. Секако дека многу поголем предизвик за специјалистот за мотоспорт е да го дотераат подвозјето според желбите на купувачот.

Stradale стандардно доаѓа со шестстепен мануелен менувач. Како опција се нуди роботизирана верзија на менувачот, со драстично скусено менување на степените и ракување преку палки на воланот. Менувачот може да работи во мануелен или автоматски модус, со нормално или спортско мапирање во обата модуса.

Dallara Stradale може да постигне странично забрзување од преку 2 g

Суштината на Dallara Stradale сепак е во ниската тежина, во тркачкото подвозје и во специфично дотераната аеродинамичност на каросеријата. Со масивна примена на композити и карбон, возилото тежи само 855 килограми. При крајна брзина, Stradale постигнува потисок од фантастични 820 килограми, што би требало да е највисока вредност меѓу GT-моделите за нормален сообраќај. Заедно со гумите кои се изработени по специјална нарачка во Pirelli, во нормална улична конфигурација се ветува странично забрзување од преку 2G.

Моторот е 2,3-литарски Ecoboost од Ford, „навиен“ на 400 КС при 6200 вртежи и со вртежен момент од 500 Nm при 3000 вртежи. Спринтот до сто трае 3,25 секунди, крајната брзина е 280 километри на час.

[FAG id=29180]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

германија аерозагаденост, загадувањето од возилата

ЕУ ја тужи Германија поради загадениот воздух

lexus lc skopje

Lexus LC во Скопје демонстрираше врвна уметност во создавањето автомобили