Сервисите за камиони на Daimler остануваат отворени

Сервисите за камиони на Daimler остануваат отворени
Сервисите за камиони на Daimler остануваат отворени

Непреченото снабдување на трговската мрежа добива суштинско значење во кризата околу корона. Мрежа од 3.000 сервисни работилници за камионите на Daimler продолжува да работи, транспортот не смее да мирува.

Огранокот за товарни возила на Mercedes-Benz, Fuso и автобуските марки на Daimler се грижат нивните клиенти да ги добијат резервните делови и возилата да се одржуваат во возна состојба. Станува збор за мрежа од 3.000 сервисни работилници ширум Европа, кои мора да останат отворени и целосно подготвени во актуелната ситуација, доколку тоа го дозволуваат законите во одделните земји.

Камионите и автобусите добиваат посебно значење во кризата околу корона. Токму во вакви моменти е важно товарните возила да стојат на располагање за транспорт и логистика, заради снабдување, но секако и заради собирање на отпадот. За таа цел, менаџерите на Daimler развија посебна стратегија што ќе овозможи мрежата да одговори на предизвиците.

Големиот производител воедно објавува дека ги има преземено сите неопходни мерки за клиентите и вработените да бидат добро заштитени во сервисните работилниц, кои продолжуваат со работа.

Претходна објаваТест: Mitsubishi Space Star 1.0 Entry
Следна објаваФабриките на Volvo во Кина се враќаат во погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here