Dacia Duster спасува животи по планините во Словенија, Хрватска и Србија

Планинските „дастери“ ја пренесуваат пораката „Dacia. Горд спонзор на планинските спасувачи“. Два погодока со еден потег за марката од Питешт: Од една страна се прави најхуманиот чин, додека во исто време се прави и реклама за теренските способности на Duster.

Dacia Duster во служба на планинските спасители се користи за пружање прва помош на лице место. Тимовите ги сочинуваат три лица, кои со себе ја носат потребната опрема, а по потреба се понесува и пес за трагање. Со погон на сите тркала, со големо растојание од подлогата и со лесното ракување, Duster нема проблеми да се пробива низ шуми и да доспева до тешко пристапни места.

Словенските, хрватските и српските планини се посетуваат во текот на целата година од туристи и мештани, кои сакаат да ја почувствуваат енергијата на недопрената природа. Најмногу посетители има во лето. Секако дека и спасителите имаат најмногу работа тогаш. Ангажирани на доброволна основа, спасителите располагаат со вештини како планинарење, истражување пештери, нуркање и алпинизам.

Пример за ангажманот во Словенија. Лани, 430-те доброволни спасители во земјата биле повикани 485 пати. Луѓето најчесто заталкувале или биле приклештени. Уште повеќе работа имаат Србите, кои годишно во просек се мобилизираат околу 1.500 пати. Најчести се незгодите при скијање. Renault има одлична организација на своето присуство во Србија и нормално е тоа што Duster веќе осма година е во служба на тамошните спасители. Регионалната промоција на првиот Duster, патем, беше одржана пред повеќе од една деценија токму во Србија, во регионот на Меќавник.

Шампион е Хрватска, со 700 спасители и околу 7.000 ангажмани годишно. Овие луѓе секако беа присутни и при спасувачките подвизи по земјотресот на 28-ми декември лани, во градот Петриња. Dacia Duster со своите екипажи пристигна прва на местото.

Секако дека Dacia има корист од овие ангажмани. По истекот на пробниот период, службите ги откупуваат возилата што ги користеле дотогаш и продолжуваат да работат со нив. Возните паркови во трите држави моментно ги сочинуваат по 20-на примероци од Dacia Duster.

Претходна објаваVolkswagen Typ 3: Тој беше Passat пред 60 години
Следна објаваЕлектрификацијата во Kia почнува во „блага“ форма

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here