Со три нови модели, Ситроен на пат да освои 5% од европскиот пазар

Во јуни почнуваат нарачките за новиот Ситроен Ц5 Еркрос.Три избори на погон за компактниот СУВ-модел: Благ хибрид, приклучен хибрид, електричен погон.

Ситроен останува на планот да го зголеми својот удел на европскиот пазар на 5 проценти во следните три години, потврди извршниот директор Тјери Коскас, додека уште е во залет продукцијата на двата нови модели, Ц3 и Ц3 Еркрос и се подготвува стартот на третиот нов модел, компактниот СУВ Ц5 Еркрос, којшто влегува во својата втора генерација.

Уделот на француската марка на пазарите во ЕУ, ОК и ЕФТА во првото тромесечје се намали на 2,7 проценти, наспроти 3,4 проценти во истиот период лани, покажуваат податоците од европското здружение на производители на автомобили. Во ЕУ, уделот се скуси на 3,2 проценти, во споредба со 3,8 проценти во првото тромесечје во 2024 година, покажува истиот извор.

Причина за актуелниот тренд на Ситроен не е слабеење на побарувачката за моделите на марката, туку забавеното качување на продукцијата на популарната моделска серија Ц3, воедно бестселер на марката. Освен во изведба со бензински и благ хибриден погон, Ц3 се нуди и во целосно електрична изведба, и тоа е првиот модел со овој вид на погон од европска продукција, што е понуден по цена под 25.000 евра.

Со забавено качување на продукцијата во изминатите неколку месеци се соочи и вториот нов модел на Ситроен, СУВ-изведбата Ц3 Еркрос. Во меѓувреме, првата генерација на големиот СУВ-модел Ц5 Еркрос наскоро престанува со производство и му препушта место на моделот од втората генерација, за којшто нарачките ќе почнат во јуни.

Порталот Аутомедиа присуствуваше на првото возење на Ситроен Ц3 Еркрос во Шпанија, во јануари

Бестселерот Цитроен Ц3 се движи кон зацртаната продукција

По одличниот старт, по којшто следеше забавување на продукцијата, извесно е дека Ситроен Ц3 ќе се врати на зацртаната продукција.

Ц3 е седми најпродаван модел во Европа во првото тромесечје, со продадени 50.981 возила, што е за 6% помалку од продажбата на моделот од претходната генерација во истиот период лани, покажуваат податоците од Датафорс.

Околу 25% од оваа продажба има постигнато моделот со целосно електричен погон, којшто во ЕУ почнува од 23.300 евра и којшто пролетва почна да се произведува дополнително во фабриката на Стелантис во Крагуевац, соседна Србија.

Ситроен на 29-ти април соопшти дека наскоро почнува продажбата на уште подостапната изведба на електричниот е-Ц3, со досег скусен на 200 километри, но затоа со цена од 19.900 евра. Нарачките почнуваат налето.

Видеото од тестот на Ситроен Ц3

Коскас наведе дека 30 проценти од нарачките за Ц3, а тоа се 130.000 возила од почетокот на продажбата лани, се однесуваат на целосно електричниот модел. Директорот кажа дека новата генерација привлекува повеќе купувачи од конкурентските марки во споредба со претходните генерации, кои се помлади и тоа посебно важи за електирчниот модел е-Ц3.

Фабриката го зголемува производството на Ситроен Ц3 Екрос. Поради преоѓањето во новата генерација, продажбата во првото тромесечје е скусена за 93 проценти во споредба со продажбата на претходникот во истиот период во 2024.

„Ц3 навистина го пронајде својот пазар,“ кажа Коскас на тркалезната маса за медиуми, пред Ц5 Еркрос да биде лансиран во почетокот на седмицава.

Ситроен Ц3 Екрос · Технички податоци, опременост, цени, во онлајн-каталогот Автосалон.мк

Ц3 Еркрос, којшто се трка за позиција во вториот најголем сегмент на европскиот пазар, во првите три месеци постигна 1.342 продажби, додека моделот од претходната генерација во истиот период се продаде во 19.082 примероци. Тоа е предизвикано единствено од генерациската смена. Новиот модел е мошне извесно дека ќе ја надмине продукцијата на својот претходник.

Тоа е воедно и единствената причина за намалената вкупна продажба на Ситроен во првите три месеци од 2025 година.

Од презентацијата на Ц3 Еркрос во Шпанија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Коскас наведе дека Ситроен има добиено 80.000 парачки за Ц3 Еркрос и очекува новиот Ц5 Еркрос да ја надмине продажбата на тековниот модел, од којшто се продаваа по 50.000 возила годишно.

„Транзицијата траеше подолго отколку што очекувавме,“ кажува Коскас. „Сега, почнуваме да забрзуваме.“

Претходна објаваФерари куси тежина и додава коњи за тркачките изведби на хибридниот 296
Следна објаваКиа разви нов хибриден погон со два електромотори

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here