Чанган Дипал вози 100 километри на струја, потоа уште долго на бензин

Кинескиот производител Чанган ја прошири понудата во Европа со својот прв модел со приклучен хибриден погон. С05 ПХЕВ е долг 4,6 метри, со цената им парира на СУВ со обичен погон.

Моделот со приклучен хибриден погон е развиен само за Европа, дизајнот е дело на студиото во Торино, а за возните својства и комфорот се погрижија инеженери во Бирмингем.

Чанган во улога на следно големо дополнување на кинеското присуство на европскиот автомобилски пазар го воведува С05 ПХЕВ, како прв модел со приклучен хибриден погон и досег до 100 километри. Производителот го води погонот како Ултра-Хибрид и со СУВ-моделот цели кон купувачите што сакаат да добијат повеќе за цената.

Првиот модел на Чанган со приклучен хибриден погон за пазарот во Европа е Дипал С05 ПХЕВ, СУВ-модел од компакт класата, најпродаваниот вид возила на континентот.

Третиот најголем кинески производител ќе започне со испорака на новиот модел кон завршетокот на јули. Цената на моделот на важниот германски пазар е 35.990 евра, не вклучувајќи ги субвенциите. Промотивно, моделот се нуди на тој пазар по цена од 24.990 евра, до 31-ви август. Тоа е цена што важи само за Германија и вклучува попуст од 6.500 евра и субвенција од 4.500 евра. Редовната цена по 1-ви септември ќе изнесува 35.990 евра.

Чанган го води ПХЕВ-погонот како Ултра-Хибрид, наменет за возачите да можат секојдневно да возат на струја, а на подолги релации спокојно со хибриден погон. Основата за С05 е платформата ЦПА. Со комбиниран погон, СУВ-то ќе вози до 1.000 километри до првото запирање за обнова на енергијата.

Погонскиот електромотор располага со моќност од 172 КВ, и работи заедно со 1,5-литарски бензинец со моќност од 63 кВ/86 КС. Системската моќност изнесува 190 кВ, односно 258 КС. Електромоторот црпи енергија од батерија ЛФП со капацитет од 18,4 кВч. Освен нормално полнење со моќност до 11 кВ, С05 користи и брз полнач, каде што постигнува моќност до 55 кВ. Возилото стандардно поседува и приклучок за надворешни потрошувачи.

Според фабрика, Чанган С05 троши 2,03 литри на сто километри. Доколку се мери потрошувачката со празна батерија, кинескиот СУВ троши 5,4 литри според норма.

Богатата опременост е добро утро кај Кинезите

Чанган го нуди Дипал С05 ПХЕВ во две нивоа на опременост, Про и Макс. Во првото од нив спаѓаат 17 системи за асистенција, средишен екран од 15,4 инчи, онлајн навигација, говорни команди, седишта од вештачка кожа, електрично местење на предни седишта, камери во 360 степени со „транспарентен“ приказ.

Нивото на опременост Макс чини 2.000 евра екстра и за тоа се добиваат уште вовлечени рачки во вратите со електрично извлекување, греење и вентилација на предни седишта со меморија, проекциски дисплеј, свртлив средишен екран, амбиентално светло и безжичен полнач. Промотивно следи и панорамски покрив со 1,9 метар квадратен под стакло.

Багажник со зафатнина од 552 до 1.310 литри

Со меѓуоскино растојание од 2,88 метри и должина од 4,6 метри, Чанган нуди изненадувачки долг простор за нозе назад. Во споредба со целосно електричниот модел, хибридот нуди поголем багажник, со 552 литри.

Кинезите се обезбедија и со 5 ѕвезди на краш-тестот на Еуро НКАП. Има и пристојна гаранција за нерви, а тоа се 7 години или 160.000 километри за општата техника, односно осум години или 200.000 километри за трите електрични компоненти во погонската спрега.

Претходна објаваНа Корвета ѝ се лупи бојата над 300 километри на час
Следна објаваСпоредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here