за

Овој Bugatti Chiron има 2.304 мотори и постигнува 20 km/h

LEGO Technic Bugatt Chiron naslovna

Bugatti Chiron со 2.304 мотори и со крајна брзина од 20 km/h? Логичката збрка исчезнува кога ќе се додаде името Lego

Во понудата на специјалистот Lego постои комплет за составување на Bugatti Chiron. „Мал проблем“ може да биде тоа што автомобилот не може да се вози. Маркетиншките стратези на компанијата го поставија тоа како посебен предизвик и изработија автомобил, што изгледа исто како Bugatti Chiron – и голем е исто колку него. Уникатот е комплетно изработен од компонентите на Lego Technic и за разлика од останатите креации, тој не само што изгледа убаво, туку и навистина вози!

LEGO Technic Bugatt Chiron

Движечката сила за џиновскиот модел на Lego доаѓа од 2.304 функционални компоненти коишто во жаргонот на Lego Technic се водат како мотори. Нивната збирна моќност изнесува одвај повеќе од 5 КС, но сосем е доволно за уникатот да се движи по тркачката патека на Bugatti, во средината кадешто брилјира оригиналниот Chiron. За одговорната задача на тест-возач беше поставен Енди Волис, човекот чијашто секојдневна работа се состои во барање по границите на автомобилите на Bugatti. Брзината од 20 km/h можеби е безначајна во споредба со Bugatti Chiron, но за стандардите на Lego, тоа е крајот на брзинската возбуда.

Lego не открива колку би чинел комплетот за овој Bugatti Chiron во размер 1:1 и во возна состојба

Најмалку им било лесно на вработените во Lego, коишто имале задача да го состават автомобилот во природна големина. За него се користени дури 339 различни видови на елементи – во целиот автомобил се вградени повеќе од еден милион такви елементи. За конструирањето и составувањето биле потребни 13.000 часови – колку точно вработени биле ангажирани на проектот, компанијата не открива.
Lego не открива и колку би чинел комплетот со сите елементи што се потребни да се состави ист ваков Lego-Chiron во природна големина. Затоа е сосем сигурно дека овој необичен автомбоил ќе остане уникат.

Bugatti Divo: Четириесет каросерии по посебна нарачка, молам

Топ 10 Најскапи автомобили на наддавањето во Калифорнија

Најскапите олдтајмери во светот се собираат месецов во Калифорнија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

peugeot soundhound

Автомобилите на Peugeot во 2020 година буквално ќе ги слушаат наредбите од возачот

Mercedes EQC

Mercedes EQC: Германците уште еднаш го измислија автомобилот