Роналдо со спектакуларен погодок за својата гаража: Bugatti Chiron

Bugatti Chiron е најскапиот и најдобар автомобил во светот. За таков автомобил е потребна и соодветна ѕвезда зад воланот. Кристијано Роналдо, на пример.

Фудбалската мега-ѕвезда Кристијано Роналдо можеби не знае каде се набавуваат гумени чик-влечки, но затоа салоните на најексклузивните спортски марки му се речиси како домашна адреса. Послужувањето со скапи автомобили не му претставува проблем на Португалецот. Последното дополнување на веќе натутканиот возен парк сепак го привлече вниманието на јавноста. Станува збор за најскапиот сериски автомобил во светот, Bugatti Chiron.

Само петстотини примероци ќе бидат изработени од Bugatti Chiron

За моќност од 1.500 КС и крајна брзина од најмалку 420 километри на час, малата и ексклузивна работилница во францускиот Алзас наплаќа околу три милиони евра. Роналдо е еден од петстоте луѓе на планетава на коишто им е „дозволено“ да поседуваат Bugatti Chiron.

Bugatti веќе го ангажираше 32-годишникот на служба во Реал Мадрид како амбасадор на марката. Автомобилската марка со брилијантни историски поглавја сними видеоспот во когошто Кристијано Роналдо се вози во Chiron низ Мадрид, а потоа и на тркачка патека.

Претходна објаваНова тркачка дисциплина: 0-400-0 km/h и рекордерот Koenigsegg Agera RS
Следна објаваСоларни автомобили ќе возат 3.000 километри низ Австралија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here