BMW го одбележува Меѓународниот ден против расизмот

BMW го одбележува меѓународниот ден против расизмот
BMW го одбележува меѓународниот ден против расизмот

По повод Меѓународниот ден против расизмот, групацијата BMW апелира за поголема толеранција и заедништво. Посветениот филм покажува дека разновидноста и различните гледишта може да бидат од решавачко значење при наоѓањето на најдобрите решенија.

Во групацијата BMW се ангажирани работнички и работници од повеќе од 120 нации од целиот свет. Тие доаѓаат од различни култури, имаат различни религиозни убедувања и гледишта на светот. Сите тие се здружени во тимови по целата планета и заеднички развиваат идеи и решенија за одржлива мобилност во иднината.

Компанијата цени дека познавањето на различните јазици и култури во рамките на групацијата е неизоставен фактор во конкурентската битка за освојување нови пазари, како и за привлекување клиенти и квалификувана работна сила. Според Илка Хорстмајер, директорка на кадровската служба во BMW AG, „разновидноста е основата на нашиот успех. Работна средина без предрасуди и меѓусебно почитување се важни предуслови за тоа.“

BMW се залага за толеранција, отвореност и разновидност и надвор од сопствените редови. Компанијата во 2011 година стапи во партнерство со Алијансата на цивилизациите на Обединетите Нации, коешто се залага за повеќе дијалог во меѓународни рамки и за меѓукултурно разбирање.

Во рамките на оваа соработка, иновативните проекти се одликуваат со Награда за меѓукулктурна иновација. Целта е локалните иницијативи да се претстават на интернационално ниво, за тие да дадат придонес за добросостојба и толеранција во заедницата. Преку иницијативите што се одликувани од страна на BMW и ОН, досега им е обезбедена поддршка на 3,6 милиони лица во 112 држави.

Филмот што ги прикажува ставовите на групацијата BMW по повод Меѓународниот ден против расизмот:

 

Претходна објаваФабриките на Volvo во Кина се враќаат во погон
Следна објаваVolkswagen ќе произведува медицинска опрема со 3D-печатари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here