за

BMW M5, генерација шест

bmw m5

Минхен го претстави новиот BMW M5, првпат со погон на сите тркала, создаден првенствено за динамика, со 600 КС и 3,4 секунди за спринт до сто. Нарачките стартуваат веднаш, испораката следува напролет, цената е 117.900 евра.

Не постои автомобил со покуса моделска ознака, а поголемо значење за браншата. BMW M5. Доколку беше италијански автомобил, неговото име веројатно ќе гласеше соодветно Quadrifoglio Oro Super Veloce Leggera Sprint GTA итн. Место сите тие самопофалби, само BMW M5. Согласно оваа германска ефикасност, само кусо со зборовите.

new bmw m5 1354576

Првпат во (супер)спортската лимузина работи погон на сите тркала M xDrive. Развиен во BMW M GmbH, погонот работи со централен разделен преносник со ламеласта спојка и го распределува вртежниот момент варијабилно на предната и задната оска. За тракцијата да биде оптимална во сите временски и патни услови помага активниот диференцијал на задната оска, со блокада којашто варира меѓу 0 и 100 проценти.

Новиот BMW M5 му нуди на возачот избор од пет конфигурации на M xDrive

Возачот има пет конфигурации на M xDrive, како комбинација на избраниот режим на DSC (DSC on, MDM, DSC off) и режимот на M xDrive (4WD, 4WD Sport, 2WD). Во основната положба, DSC и M xDrive дозволуваат мало пролизгување на задната оска. Во M Dynamic Modus (MDM, 4WD Sport) се изведуваат дрифтови, додека за тркачка патека се наменети трите модуси на M xDrive со исклучен DSC – едниот од нив е погон само на задната оска.

new bmw m5 9354576

Под хаубата работи 4,4 литарски V8 битурбо. Турбополначите M TwinPower се преработени, исто како и интеркулерот, зголемен е и притисокот на впрскување на горивото. Моќноста е 600 КС при 5.600 – 6.700 вртежи во минута. Максималниот вртежен момент од 750 Nm се постигнува уште при 1.800 min-1 и се задржува до 5.600 min-1. Спринтот до сто трае 3,4 секунди, за 11,1 секунди паѓа следната стотка. Крајната брзина е ограничена на 250 km/h, со опционален M Drivers Package се вози до 305 km/h.

Нирбургринг е „игралиштето“ на коешто израсна BMW M5

Преносот е преку оптимиран 8-степен M Steptronic, со Drivelogic – за возачот да влијае врз работата на менувачот. Подвозјето стандардно е созревано на Нирбургринг, конкретно на Северниот Јазол. Каросеријата има зајакнувања во предниот и задниот дел – значајно и за спонтаната повратна реакција на возилото на командите на возачот.

new bmw m5 3354576

За варијабилните амортизери VDC и управувањето M Servotronic стојат на располагање три модуси: Комфорен, спортски и спортски плус. Врз реакцијата на моторот исто така се влијае преку три модуси: Економичен, спортски, спортски плус. Двете копчиња M1 и M2 на воланот се за меморирање на личните дотерувања за сите модуси на моторот, менувачот, подвозјето и M xDrive, DSC и проекцискиот дисплеј.

Хауба од алуминиум, покрив од карбон

Хаубата има дизајн специфичен за M, изработена е од алуминиум. Покривот е изработен од карбон. Со овие и сите останати мери, тежината е смалена во споредба со претходникот, иако „носи“ погон на сите тркала. Сопирачките дискови стандардно се изработени од композит, со шестклипни клешти во сина боја напред и едноклипна клешта назад. Сите четири дискови се перфорирани и вентилирани. Со доплата следуваат уште поефикасни карбонски сопирачки, препознатливи по златните клешти и полесни за 23 килограми.

Овие суперспортски автомобили имаат помалку КС од Mercedes-AMG E 63 S

Бандажите се 19-инчни (напред 9,5 x 19, назад 10,5 x 19), гумите се со димензија 275/40 R 19 напред и 285/40 R 19 назад. Опција се бандажи од 20 инчи, со гуми 275/35 R 20, односно 285/35 R 20). Кожата на седиштата е стандард, заедно со електриччно местење. По желба се испорачуваат М школкасти седишта.

Првата серија од 400 примероци со доплата од 19.500 евра

Нарачките стартуваат од септември, испораката е во следната пролет. Цената во Германија изнесува 117.900 евра. Првата серија е ограничена на 400 примероци, во „смрзната“ темноцрвена боја, ексклузивна опрема и уште 19.500 евра доплата над основниот модел.

new bmw m5 2354576

new bmw m5 4354576

new bmw m5 5354576

new bmw m5 6354576

new bmw m5 7354576

new bmw m5 8354576

new bmw m5 11354576

new bmw m5 12354576

new bmw m5 13354576

new bmw m5 14354576

new bmw m5 15354576

new bmw m5 16354576

new bmw m5 17354576

new bmw m5 18354576

new bmw m5 19354576

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen i.d. buzz

Електричниот Volkswagen I.D. Buzz оди во серија во 2022

електромагнетни топови

Електромагнетни топови против напади со возило во толпа