БМВ побрза со нарачките за електричната „тројка“, првите модели се пристојно ексклузивни

БМВ одговори на големата побарувачка и побрза со стартот на испораките за и3, електричната Серија 3. Во почетоклот е достапна изведба со многу опрема, но и со технички финеси.

Планот на БМВ беше дури наесен да ги отвори книгите со нарачки за новата и3, електрична лимузина од Ное Класе и втор таков модел по и-Икс-3. Но, поради големата побарувачка за електричната тројка, Минхен официјално го забрза стартот и лимузината веќе е достапна за нарачки.

Првата изведба на и3 што е достапна во моментов е вообичаената Фрст Едишн, изведена како ексклузивна верзија на и3 50 иксДрајв. Моделот излегува од фабрика со спортски пакет М, вклучувајќи комплет спојлери, спортски сопирачки М со шепи во сина боја и ретровизори што го рефлектираат логото на М.

Внатрешноста продолжува во стилот на БМВ М и изведена е во комбинација од вештачка кожа веганца и платно М Перформ Текс.

Неизоставен дел од ексклузивниот модел е пакетот Ајконик Глоу, иконски сјај, со осветлена контура околу бубрезите на БМВ, со поздравна и отпоздравна анимација на светлата, со избор на три емотивни сценарија.

Првата електрична лимузина од Ное Класе понатаму поседува мултиконтурни седишта со електрично местење, клима уред во три зони, затемнети светла, грејачи во воланот, проекциски дисплеј, аудио систем Харман Кардон со Долби Атмос, автоматско отворање на вратата на багажникот и полнач од 22, место стандардниот од 11 киловати.

Секако дека овој пакет вреди соодветно. БМВ вели дека вака стокмена, електричната тројка вреди 75.340 евра на германскиот пазар.

Подостапните изведби ќе бидат понудени за нарачка наесен

При првично планираниот почеток на нарачките, наесен, БМВ ќе ги понуди и подостапните изведби од и3. Без додатоците на Фрст Едишн, БМВ и3 50 иксДрајв ќе чини 65.300 евра во Германија. Тоа е околу 5.000 евра под цената на електричниот СУВ од Ное Класе, и-Икс-3, којшто неодамна имаше забележана премиера на македонскиот пазар. Гамата ќе ја дополни изведба и3 40 со моќност од 320 КС и погон назад.

Домашна премиера: БМВ и-Икс-3 е нов темел на електромобилноста во Македонија

Претходна објаваСпоредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж
Следна објаваШто не треба да се остава во возило при летна жега

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here