за

Мото-авантурата BMW GS Trophy во 2022 година се вози во Албанија

Осмото издание на мотоциклистичкиот собир во чест на BMW GS ќе се одржува во соседна Албанија на крајот на летото во 2022 година.

Мото-авантурата-BMW-GS-Trophy-се-вози-во-Албанија-во-2022-година.jpg

Тимови од 15 држави ќе учествуваат на следното издание на GS Trophy 2022 во организација на BMW Motorrad, што ќе се одржува кај нашиот западен сосед. Настанот ќе се вози под мотото „Explore the unexpected“.

Мото-марката на групацијата BMW денес објави дека следното издание на интернационалното GS Trophy ќе се одржува во Албанија. Групацијата цени дека земјата е една од последните недопрени локации за теренско возење во Европа.

Во следните месеци ќе се избираат 22 интернационални тимови, вклучувајќи за првпат и 6 дамски тимови, од 15 држави, кои ќе учествуваат на GS Trophy 2022 Southeast Europe.

Квалификации за учество ќе се одржуваат во:

  • Бразил
  • Велика Британија
  • Германија
  • Индија
  • Јапонија
  • Југоисточна Азија
  • Јужна Африка
  • Јужна Кореја
  • Кина
  • Латинска Америка
  • Мексико
  • Русија
  • САД
  • Франција
  • Холандија

Др. Ралф Родепетер, шеф за марката и производите на BMW Motorrad: По Тунис, Јужна Африка, Патагонија, Канада, Тајланд, Монголија и Нов Зеланд, BMW Motorrad се впушти по нова потрага по локација што е совршен терен за GS. Се бараше долга километража за легално возење по терен, со тежок профил на патеките и со голема доза на непознато. Албанија нуди совршени услови за тоа.

Релито“ ќе се вози по високи планини, по висорамнини, густи шуми, плажи на јадранското крајбрежје, по кањони и покрај длабоки планински езера. Возачите ќе бидат придружувани од судии, новинари, лекари, спонзори, како и фото и филмска екипа. GS Trophy не е трка, туку е тимски натпревар, со задача да се учествува во специјални натпревари од најразличен вид. Во дел од натпреварите се бара знаење, а дел е тимска работа.

BMW Motorrad набрзо ќе објави со кои мотоцикли ќе се вози „трофејот“, како и список на опрема што ќе им стои на располагање на учесниците. По завршувањето на GS Trophy, BMW организира возење по истата тура и за сопственици на GS-модели.

https://www.instagram.com/p/CH8XAilHZpX/

https://www.instagram.com/p/CJ_zKIknqMh/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen polo моделско освежување 2021

Volkswagen Polo пред моделско освежување, станува мини-голф

Volvo со рекордно полугодие по заживувањето на пазарот