за

BMW 540i xDrive губи најмалку од вредноста меѓу бизнис-лимузините

Лимузината од серијата 5 на BMW со шестцилиндарски бензинец задржува најмногу од вредноста во конкуренција на модели од бизнис класата.

Второ највисоко одликување за шестцилиндарски модел од Серијата 5 на BMW во изборот на модели што губат најмалку од вредноста, во организација на магазинот Auto Bild. Тоа претходно му успеа на BMW во 2017 година, сега му успеа повторно со 540i xDrive.

Серијата 5 на BMW соединува спортски елегантен изглед, уживање во возењето што е својствено за марката, напредна конективност и луксузен ентериер. Оваа комбинација му донесе на BMW 540i xDrive титула на „Шампион во вредност“ за 2021 година, во оценувањето на вредноста што германскиот магазин Auto Bild го спроведува во соработка со познатиот Schwacke.

На моделот на BMW со шестцилиндарски бензинец со 333 КС и интелигентен погон на сите тркала му припадна првото место во конкуренција на модели од вишата класа. Тоа е веќе втора титула за бизнис-лимузината, откако во 2017 година победи 540i.

Титулата на „Шампион во вредност“ се базира врз предвидување на вредноста што ќе ја има автомобилот регистриран првпат во 2021 година, при негова продажба по четири години. Освен куповната цена, се земаат предвид и оперативните трошоци, но и квалитетите на одреден модел и неговиот пласман на споредбените тестови.

Меѓу факторите се вбројуваат и имиџот на марката, конкурентските услови во одделниoт сегмент и општата економска ситуација. Годинава во анализата беа опфатени близу 4.000 тековни модели од 13 класи. BMW 540i xDrive Limousine по четири години задржува 44,4 проценти од вредноста на ново, што е најдобар резултат во вишата класа.

Добро поминаа и останатите модели на баварската марка. BMW 330i xDrive Touring има втор најдобар резултат меѓу моделите во средната класа, со преостаната вредност од 49,7 проценти. Во луксузната класа, на BMW 730d му припадна третото место, со вредност од 36,7 проценти. Уште еден модел на BMW се најде на победничиот пиедестал: BMW X5 xDrive40d е втор модел што задржува најмногу од вредноста, конкретно 49,5 проценти, во конкуренција на СУВ модели во средната класа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche вложува во фабрика за нова генерација батерии

Новиот Мercedes C-Class до детал: Колку порасна новиот модел?