Додека европскиот пазар бара примерок повеќе од новите генерации на мини теренци, САД и Азија се незаситни за огромни теренци со три реда седишта. BMW реагира со огромниот X7.
Трите престижни марки од Германија планираат во следните години да го преплават пазарот со огромни спортски теренци со силни мотори. Според водечкиот германски магазин Auto Bild, марката со сино белиот знак ќе го воведе во својата понуда монструмот од теренец X7 во 2018 година. Но, првиот чекор ќе го направи Audi, со моделот Q8 Coupe, чија што премиера може да се очекува за две години. Mercedes исто така ќе одговори со купе изведба на големиот теренец GL во 2016 година. Теренците со каросерија во стил на купе наидуваат на голем интерес на глобалниот пазар, особено во САД и во Кина.

Во 2015 година Audi ќе го претстави Q8 Coupe врз основа на идната генерација на Q7. Марката со четирите прстени влева големи надежи во двата шестцилиндарски мотори, со заедничка зафатнина од три литри. Бензинскиот 3.0 TFSI ќе постигнува моќност од 310 КС, додека дизелскиот 3.0 TDI ќе дојде до 272 КС. Уште поголема моќност ќе нудат обата осумцилиндарци со по четири литри зафатнина и моќност од 434 КС во бензинската и 394 КС во дизелската изведба.

BMW X7 ќе ја користи платформата од наследникот на X5/X6. Со масовна примена на алуминиум, магнезиум и карбон тежината на оваа моделска гама ќе се намали и до 350 килограми. Покрај силните дизели, под хаубата ќе работи осумцилиндарец со двојно турбонатполнење и моќност од 500 КС, а ќе се нуди и хибридна изведба. Најсилен меѓу дизелите ќе биде X7 M50d со 400 КС и четири турбополначи.
Претходно, баварската марка ќе ја заокружи понудата на теренци со основен модел. Новиот X4 ќе биде теренска изведба на серијата 3, која штотуку се збогати со комбилимузината GT и со купето од серијата 4.