На берлинското сајмиште годинава ќе се одржи првата „ревија на ноншалантност“, за сопственици на јангтајмери што не мора да вложуваат милиони во своите миленици за да бидат забележани на сцената
Автомобилската сцена веќе со децении знае и слуша за неколкуте „конкурс д’елеганс“ низ светот. Сега следува многу поразумна и поприземна варијанта на овие собири, на коишто се појавуваат само највредните и најретки олдтајмери, во сопственост на колекционери кои во своите домови имаат повеќе тоалети отколку што има цилиндри Bugatti Chiron.
„Конкурс д’Ноншаланс“ годинава ќе го има своето премиерно издание, на сајмиштето во Берлин, со почеток на 6-ти октомври. Настанот е замислен за возачи кои имаат по 60 години – заедно со годините на својот автомобил – при што е услов, автомобилот да има најмалку 20 години.
Ревија на ноншалантност како контра на престижните ревии на елеганција во Пебл Бич или во Лаго ди Комо
Добро е ваквите настани да дадат насока за раздвижување и на домашната сцена, на којашто сé повеќе се вложува во јангтајмери. Пријавувањето за ревијата е со испраќање фотографија од автомобилот, наведување на првата регистрација за автомобилот и датумот на раѓање на сопственикот. Жири врз основа на кандидатурите ги избира учесниците на ревијата, кои ќе ги ги изложат своите млади класичари на сцената. Секако дека во рамките на манифестацијата се избираат и победничките возила.
Организаторите на настанот сакаат да посочат на тоа дека класичните автомобили не мора секогаш да бидат хоби што вреди милиони евра. Во периодот меѓу 4-ти и 7-ми октомври се одржуваат уште низа настани во рамките на Моторворлд Класикс Берлин. Меѓународната манифестација е целосно во стиловите меѓу 1920-те и 1950-те години, и во последните години привлекува многубројна публика во германската престолнина.