за

Автомобилите од иднината ќе ни донесат 40.000 часови слободно време

автономно возење

Роботски автомобили ќе нé возат низ градовите во блиската иднина. Производителите уверуваат дека новата технологија за автономно возење носи големи придобивки во секојдневието. Но, главното прашање останува неодговорено. Уште не се знае како корисниците ќе реагираат на автоматското возење.

Честата сцена од научната фантастика, со автомобили што управуваат самостојно, наскоро ќе стане секојдневие. Во неколку градови во САД, за три години ќе почнат да возат автомобили во коишто воланот е непотребен. Тамошните градски власти ги увидоа предностите на технологијата за автономно возење, којашто овозможува на пример лица со оштетен вид, болни лица или деца да се возат сами, без придружба.

Технологијата функционира до степен за нејзино воведување во сериското производство, но законодавците се внимателни. Останува да се одговорат прашањата, кој ќе ја сноси одговорноста при евентуален судир и кого технологијата ќе штити при избегнувањето на критични ситуации – дали патниците во возилото или другите учесници во сообраќајот?

Подобрувањето на безбедноста се ветува како најголема придобивка од роботските автомобили

Најголемата придобивка од автономното возење е безбедноста. Во сообраќај годишно загинуваат 1,25 милион лица во светот. Девет од десет судири се последица од човечка грешка. Задача на вештачката интелигенција е да ги спречи грешките на возачите. Тоа не значи дека во иднина нема да има судири, но нивниот број ќе се смали драстично. Како што ќе се зголемува бројот на возила со автономна технологија по улиците и како што компјутерската техника ќе стекнува сé поголемо искуство, така и безбедноста ќе се подобрува.

robotski avtomobili 2

Технологијата на автономно возење им носи голема корист и на луѓето кои поради возраста или болеста не можат да возат сами. Секој ќе може да повика возило директно пред врата. За тоа не мора да се користи ниту мобилна апликација или сложена технологија. Некои производители размислуваат за можноста секој да поседува мал уред, со едно и единствено копче на него.

Возачот станува патник, времето го посветува во дневните обврски или за забава

Многумина ќе бидат привлечени и од заштедата во време. Во просек, секој возач во животот поминува околу 38.000 часови во автомобилот. Тоа се близу 1.600 денови или повеќе од 4 години. Возачот станува патник, кој може времето да го мине во завршување на работните обврски, за забава, социјални мрежи, пишување пораки.

robotski avtomobili 3

Автономните возила од големите возни паркови што ги планираат производителите и службите, коишто ќе бидат достапни како еден вид јавен превоз, нема да останат поштедени од влијанието на големите корпорации. Поточно, од нивните реклами. Пример, возењето до одредиштето чини 100 денари. Но, доколку корисникот дозволи на дисплејот да се прикажуваат рекламни пораки од некој попатен супермаркет, возењето може да биде бесплатно. Рестораните, хотелите, болниците, исто така можат да нудат бесплатен превоз.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Постојат пет различни нивоа на автономно возење:

  • Ниво 1: Системи за асистенција, како темпомат што самостојно ги одржува брзината и растојанието со возилата напред или систем за предупредување при газење преку линијата на патот
  • Ниво 2: Техниката веќе се вградува во повеќето модели од високата класа. Полуавтономни системи помагаат при следењето на лентата или при паркирање на возилото. Достапна е во Mercedes S-Class, во сериите 5 и 7 на BMW, во Tesla.
  • Ниво 3: Тука почнува автономното возење. Возачот треба секогаш да е подготвен за преземање на контролата, кога системот ќе вклучи предупредување. За тоа време, тој може да ги врши работните обврски или да комуницира преку социјалните мрежи. Audi A8 го поседува ова ниво, но законите уште не дозволуваат активирање на функцијата.
  • Ниво 4: Возачот уште може да интервенира при опасност, но техниката е способна самостојно да реагира.
  • Ниво 5: Нема потреба од возач, па соодветно на тоа може да отсуствуваат волан и педали.

[/tie_slide]

[tie_slide]

Правните прашања околу автономното возење

Прашањето околу одговорноста за настанувањето на судирот е надминато со задолжителното вградување т.н. црна кутија во автономните возила. Доколку се докаже дека техниката отпажала, одговорноста ја сноси производителот.

Во ЕУ и во 50 држави низ светот се подготвуваат новите правила за автономно и автоматско возење. Досегашната норма ги ограничуваше автоматските функции до брзина од 10 километри на час, на пример самостојното паркирање. Во иднина, лимитот се поместува на 130 km/h. Во САД, секоја сојузна држава решава околу хомологацијата на возилата

Со Виенската Конвенција е поставена основната рамка за сообраќајните правила на глобално ниво. Во 2014 година, правилата беа сменети во согласност со потребите на автоматското возење. Секоја земја мора посебно да ги воведе новите правила.

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Визионерите предвидуваат дека со користењето на големи возни паркови со автономни возила седумпати ќе се намали бројот на возила по градските улици. Дали тоа ги става во опасност производителите на автомобили? Апсолутно, не. Во спротивно, сите концерни немаше толку да инсистираат на технологијата. Бидејќи возилата сообраќаат постојано, мора да се заменуваат на секои две години. Кога роботските автомобили ќе се извалкаат или оштетат, тие самостојно ќе се упатат во специјализираните центри. Таму ќе се врши нивното сервисирање и одржување, полнењето на батериите и паркирањето. Погонот на струја се подразбира.

Технологијата за автономно возење е чекор кон следниот, повисок општествен модел

Покрај оваа форма на „демократска мобилност“, секако дека ќе постојат и вообичаените автомобили за приватни или службени корисници – со волан и педали. Нивните сопственици ќе можат да ја нарачаат технологијата за автономно возење како дополнителна опрема. Во автомобилите од поскапите сегменти таа ќе се вградува како сериска опрема.

Во секој случај, огромни се промените што ги носи новата технологија. Колку од нив ќе се реализираат во секојдневието, зависи единствено од корисниците.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus LC 24h Nuerburgring

Lexus LC се остри за 24 часа Нирбургринг

ford mustang bullitt 50

Mustang Bullitt и Edge ST само за американскиот пазар