за

Австрија ќе дозволи електромобилите да возат побрзо на автопат

електромобили лимит брзински австрија

Воздухот во алпската земја повеќе не е беспрекорно чист и поради тоа австриските власти имаат воведено низа мери, вклучувајќи ограничување на темпото на 100 km/h на повеќе делници од автопатот. Моментно се расправа дали на електричните автомобили да им се дозволи да возат побрзо отколку возилата со обичен мотор

На австриските патишта важи општо ограничување на брзината на 130 километри на час, но постојат многубројни делници кадешто мора да се вози побавно. Уште од пред неколку години, на повеќе делници во вкупна должина од 300 километри се дозволени само 100 km/h. Така пропишува законот за заштита на воздухот од штетни материи. Полицијата е особено строга во овие подрачја и наплаќа скапи парични казни.

Во меѓувреме се води дискусија, дали на електричните автомобили да им се овозможи привилегија, за нив да не важи брзинското ограничување на 100 km/h. Нивната погонска спрега не произведува штетни гасови, поради тоа е бесмислено да се ограничува нивната брзина.

BMW, звукот на електричните автомобили во индина

Моментно не е утврден датум за воведување на ослободувањето на електричните возила од брзинскиот лимит, иако се водат разговори за прецизирање на условите и за сите правни прашања околу конкретната проблематика.

Австрискиот уставен суд го разгледуваше случајот во 2011 и 2017 година и одлучи против примена на различна регулатива за електричните возила. Постои голема веројатност дека во блиска иднина сепак ќе се воведе различно ограничување на брзината, во зависност од видот на возилото и од емисијата на штетни материи.

Електромобилност повикува на ревијално „е-возење“ на 20-ти септември

Како двајца визионери добија 7.000 нарачки за електро-соларниот автомобил

Во Австрија вози првото противпожарно возило на струја во светот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen ја испраќа „бубата“ во музеј – повторно

skoda superb

Чесите се противат Skoda Superb да се пресели во Германија