за

Auto Bild со детали за новиот BMW i8 Spyder

Според информациите што ги објавува германскиот магазин Auto Bild, отворената каросериска изведба на BMW i8 ќе стартува со продажба во следната пролет. BMW i8 Spyder со плагин-хибриден погон ќе постигнува над 400 КС и ќе поседува значително поголем досег отколку актуелното купе.

Германскиот магазин Auto Bild открива детали за новата каросериска изведба на плагин-хибридниот спортист BMW i8. Според магазинот, продажбата на BMW i8 Spyder ќе стартува во следната пролет и ќе располага со значително зголемен досег, благодарение на батериите со поголем капацитет. Моќноста исто така ќе се зголеми од сегашните 362 на повеќе од 400 КС. Заедно со отворената каросериска изведба, промените ќе се применат и кај купе-моделот, во рамките на моделското освежување.

BMW i8 Spyder беше најавен лани на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас

Баварската марка го најави i8 Spyder пред повеќе од една година, со концептниот автомобил на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас. За разлика од него, сериската верзија на BMW i Vision Future Interaction ќе располага со обични врати – коишто отсуствуваат кај концептниот автомобил.

https://twitter.com/autobild/status/864133045581828096

Изгледот на купето и идниот родстер ќе бидат освежени во стилот на лани прикажаниот Spyder Concept. Според претпоставките на Auto Bild, родстерот ќе поседува електрично задвижуван платнен покрив, со можност за спуштање на задното стакло по пример на моделите на Audi и McLaren.

Новитет во кокпитот ќе бидат „Air Touch Displays“, коишто ќе подржуваат ракување преку гестикулација. Помошните седишта ќе бидат жртвувани за простор за сместување на покривот. Auto Bild цени дека i8 Spyder ќе стартува од околу 150.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

DS 7 Crossback Macron

Претседателски DS 7 Crossback за Емануел Макрон

Mercedes 300SL е еден од олдтајмерите чијашто вредност допрва ќе расте

Олдтајмери во коишто најмногу вреди да се инвестира