за

Audi горд на произведените 60 литри синтетички бензин

audi e-benzin sintetsko gorivo

Audi долго време експериментира со горива на синтетичка основа, како замена за класичните минерални горива. Развојот сепак напредува пребавно, штотуку е произведена првата количина од 60 литри е-бензин, со којашто може да почнат тестирања во реални услови.

Синтетски погонски горива од обновливи извори веќе со години се развиваат во Audi. Производителот дури сега ја постигна првата цел со којашто може да биде задоволен. Во соработка со развојните партнери е произведена првата количина од синтетскиот е-бензин којашто е доволна за првите тестирања во мотори.

Заедно со фирмата Global Bioenergies од германскиот град Леуна е произведена шаржа од 60 литри. Техничарите на Audi моментно го анализираат процесот на согорување во тест-моторот, како и составот и количината на штетни материи. Како синтетско гориво со највисока чистота и одлична отпорност на самодетонација, е-бензинот овозможува постигнување повисок степен на компресија кај моторите, а со тоа и поголема ефикасност.

Синтетски горива како обид за продолжување на ерата на моторите со внатрешно согорување, односно задржување на постоечкото производство на мотори

Во следниот период ќе се работи на модификација на производствениот процес, односно на исклучување на биомасата. Во тој случај, како појдовни суровини ќе бидат доволни водород од обновливи избори и СО2.

Е-бензинот на Audi е течен изооктан. Тој моментно се произведува во два процеса, со помош на биомаса. Во првиот чекор, во демо-постројката на Global Bioenergies се произведува гасовиден изобутен (C4H8). Во следниот чекор, Центарот за хемиско-биотехнолошки процеси во Леуна го претвора изобутенот во изооктан (C8H18), со додавање водород. Горивото не содржи сулфур и бензоли, согорувањето е особено чисто.

Најеколошкото гориво: Водород од сончева енергија

Кафе како погонско гориво за лондонските автобуси

Синтетски горива за спас на моторот со внатрешно согорување

Научници од Харвард ја претвораат сончевата светлина во гориво

Nissan развива електричен автомобил со алкохол како погонско гориво

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

GFG Style на салонот во женева

Ова се визиите за иднината од салонот во Женева

man tgx lion pro

Тешкаш во лимитирана серија: MAN TGX „Lion Pro“