за

Cromodora ќе гради фабрика за бандажи само за Audi

Cromodora ќе гради фабрика за бандажи само за Audi
Cromodora ќе гради фабрика за бандажи само за Audi

Италијанскиот специјалист Cromodora десет години ќе го снабдува Audi со бандажи што ќе се изработуваат во нова фабрика во Источна Европа. Посебен нагласок се става на ниската емисија на СО2 и на грижата за животната средина.

Audi и италијанскиот производител на бандажи Cromodora потпишаа десетгодишна соработка. Cromodora ќе изгради нова фабрика во Источна Европа, во којашто ќе се произведуваат бандажи само за Audi и за концернот Volkswagen. Производството ќе стартува во 2023 година, со посебен нагласок на одржливоста на животната средина и на минимална потрошувачка на ресурси.

Audi подолго од една година го вклучува синџирот на добавувачи во стратегијата за намалување на емисијата на штетни материи во производството. Новата фабрика ќе се напојува строго со „зелена“ струја, потрошувачката на свежа вода ќе биде сведена на минимум, а ќе се внимава и струшките што произлегуваат при обработката на материјал во фабриката да се искористат повторно во производствениот синџир.

Локацијата на фабриката засега не се открива, голема е веројатноста дека Cromodora ќе гради во Словачка, кадешто концернот Volkswagen веќе има разработено широка производствена мрежа

Партнерите договорија и транспатентна и оптимирана структура на трошпоците. Со тоа се предвидува, на пример, заедничко споделување на дополнителите тропоци при евентуално зголемување на цената на суровините. Во поглед на квалитетот, во фабриката на Cromodora ќе се применуваат највисоките стандарди на Audi.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen id3 vozenje

Студија предвидува: Електричните пред обичните во 2030 година

Suzuki Санремо 2020

Suzuki е автомобилскиот партнер на Санремо 2020