Со купувањето на картографскиот сервис на Nokia, трите премиум марки ќе можат да работат забрзано на развојот на автономните возила, како и на воведување на нови дигитални услуги.
Конзорциумот од германските производители на автомобили Audi, BMW и Mercedes го купи картографскиот сервис Here од финскиот телекомуникациски концерн Nokia за 2,8 милијарди евра. Со купувањето на овој картографски сервис со седиште во Берлин, германските премиум марки ќе добијат ексклузивен пристап до дигиталните карти, со цел да се прошири бизнисот со дигитални услужни дејности во автомобилите што се поврзани во мрежата. Покрај тоа, податоците со коишто располага Here ќе се користат и за натамошно усовршување на технологијата на автономно возење.
















