Четири години по ред марката со прстените е најпосакувана адреса за вработување кај студентите.
По изборот на Audi Hungaria за најатрактивно претпријатие во Унгарија и минатонеделното прогласување на Audi Brussels за Работодавец на годината во Белгија, сега и Германија го потврдува реномето на марката. Audi е најпопуларен кај студентите на техничките и на економските науки. Според студијата на институтот Универзум, секој четврти инженер во Германија и речиси секој петти економист посакува да ја започне кариерата во Audi.
Мрежата од фабрики на марката ќе продолжи да расте и во првата половина од оваа година ќе брои вкупно 16 производствени локации во 13 земји. Само во Германија се планираат 1.500 вработувања годинава. Привлечноста на марката со четирите прстени се огледува и во растечкиот интерес кај информатичарите и кај апсолвентите на природните науки. „Младите ги прифаќаат технолошките новитети, како автоматско возење или поврзување на автомобилите во мрежа, поради што Audi им е уште повозбудлив“, објаснува Томас Сиги, шеф на персонал во фирмата.
Семејството на Audi расте постојано на глобално ниво. Во април персоналот во Audi брои 70.023 лица, од кои 50.652 се вработени во германските фабрики во Инголштат и Некарсулм. Унгарскиот Audi моментно вработува 9.006, а Audi Brussels 2.528 лица. До крајот на годинава се планирани уште 4.800 вработувања на глобално ниво. Пред две години Audi ја започна најголемата инвестициска програма во историјата, со годишна инвестиција од просечно 3,5 милијарди евра, со цел да се обезбеди логистичка поддршка за натамошниот развој на марката.