
Алпин, спортската марка во групацијата Рено, го најавува својот иден модел преку концептот на спортски фасбек со ознака А390 Бета. Тоа е целосно електричен кросовер, што на пазарот ќе се натпреварува со Порше Макан и со Тесла Модел Ипсилон.
Производството на А390 ќе отпочне во 2025 година, иако директорите на Рено не посочија временска рамка. Кросоверот ќе располага со погон на сите тркала, со активна распределба на вртежниот момент што од трите електромотори се насочува кон тркалата – два електромотори назад и еден напред. Батеријата со високи перформанси ќе ја испорачува францускиот стартап Веркор.
Алпин не откри подробности околу техниката за време на конференцијата за медиуми во Париз.
Новиот модел ќе ѝ се придружи на комбилимузината А290, којашто почнува со испорака есенва. Основата за А390 доаѓа од електричниот Рено 5.
Потоа ќе следи целосно нова генерација на спортското купе А110, што и самото е наследник на историскиот модел со истата ознака од 1960-те години. Покрај моделската изведба со целосно електричен погон, идниот Алпин А110 ќе се нуди и во изведби со мотор со внатрешно согорување, коишто треба да бидат пуштени во продажба во 2026 или 2027 година. Планот е да се понуди и кабриолет изведба од А110, а се работи и на гран-туризмо со седишта 2+2, што ќе ја носи ознаката А310, којашто исто така се среќава во историјата на марката.
До 2028 година треба да се појават уште два поголеми модели, а се размислува и спортската марка да се понуди на пазарот во САД најдоцна до 2030 година.
А390 Бета што беше откриена на 11-ти октомври и ќе се појави на штандот на групацијата на Салонот во Париз, во „85 проценти“ соодветствува со надворешниот изглед на моделот што ќе влезе во сериско производство. Тоа на конференцијата за медиуми го соопшти Совани Анж, потпретседателка за развој на понудата од модели со високи перформанси во Алпин.

Благодарение на активната распределба на вртежниот момент меѓу тркалата, серискиот автомобил ќе поседува возни својства како А110, најави Анж, иако автомобилот ќе биде значително поголем. Таа го опиша А390 како „тркачки автомобил во костум.“
Долг 4.700 милиметри, А390 ќе користи приспособена изведба од платформата АмпР Медиум на групацијата Рено. Таа платформа во моментов ја користи компактниот елеклтричен СУВ-модел Рено Сеник, којшто е долг 4,47 метри.
View this post on Instagram
Директорите на Алпин кажаа дека А390 ќе се натпреварува со електричниот Порше Макан, којшто е долг 4.800 милиметри, и против Тесла Модел Ипсилон, долга 4.750 милиметри. Двата модели се кросовери со изглед на купе. Уште еден можен соперник е Ауди Ку4 Спортбек Е-Трон, долг 4.600 милиметри. Цените уште не се објавени.

Глвниот дизајнер на Алпин, Антони Вилен, го опиша А390 како „дуалност“, со инспирација што доаѓа од планинските предели. Некои детали се остри и чисти, налик на карпи, додека останатите форми се помеки, како снег, вели дизајнерот.
Страничната силуета прикажува непрекината линија од врвот на ветробранот до завршетокот на опашот, којашто следи форма на капка вода. Алпин напоменува дека таа форма „постигнува најдобра рамнотежа меѓу функционалност и аеродинамичност.“
Формата на фастбек е слична со А110, исто како и длабоките контурни линии по страните. А390 се разикува по тоа што не ги презема предните светла со препознатливата форма за марката. Место тоа, формата на новите светла „потсеќа на комета што ја пробива атмосферата“, опишуваат од Алпин.
Вилен и неговиот тим се сосредоточиле на функционалната аеродинамичност, со широки отвори отстрана и со заден дифузор. Осветлената светлосна група назад може да се извлече за 80 милиметри, за опашот да се продолжи и да се смали отпорот на воздух.

Внатрешноста на салонскиот автомобил е изработена по пример на кокпитот на Формула 1, со скулптурирани поредни седишта и со мал управувач со команди на него. Меѓу нив спаѓа и копче ОВ, за престигнување, коешто првпат беше применето кај А390. Вратите се отвораат во спротивна насока и нема средишни столбови.
Седиштата се пресликани од Формула 1, иако нудат две положби, една за секојдневно возење, другата за брзо возење по автопат.

Додека предните седишта се инспирирани од трките, задните седишта се посветени на комфорот, со бела едноделна клупа што потсеќа на снег.
Исто како малосерискиот А110, А390 ќе се изработува во фабриката на Алпин во Диеп, на северозападот на Франција. Електромоторите ќе се произведуваат во Клеон, Франција, монтажата на батериите ќе се одвива во блискиот Дуе.















