за

Alfa Romeo Stelvio не им се допаѓа на Кинезите, продукцијата се скусува

Alfa Romeo и Maserati го намалија производството поради големиот пад во продажбата во Кина. Според аналитичарите, Италијанците си поставиле преамбициозни цели за продажбата на Alfa Romeo Stelvio.

Продажбите на Alfa Romeo и Maserati бележат голем пад на кинескиот пазар. Поради тоа, обете марки мораа соодветно да ја скусат продукцијата. Кинеските власти воведоа нови правила за односите меѓу производителите и дилерите. Со нив се забранува производителите да поседуваат дилери.

Монтажната линија за теренецот Maserati Levante во фабриката Мирафиори мирува две недели, додека производството на Alfa Romeo Stelvio и Giulia во Касини е смалена од 300 на 265 возила дневно. Тоа е уште едно скусување на продукцијата на Италијанците. Од средината на септември, производствените ленти мируваат секој петок. Тоа значи 2.000 возила помалку.

Поради намалениот пазарен интерес е намалена и продукцијата на Fiat 500X и Jeep Renegade

Според последните статистики, продажбата на Alfa Romeo Stelvio и Giulia е во голем пад на кинескиот пазар. Во август, на најголемиот пазар за автомобили во светот беа продадени само 227 автомобили. Еден месец порано, продажбата беше десетпати повисока. Maserati во јули и август продаде околу 350 примероци од Levante, наспроти првото полугодие, кога теренецот се продаваше во околу 800 примероци месечно. Аналитичарите ценат дека Италијанците си поставиле превисоки цели за кинескиот пазар.

Концернот Fiat Chrysler ја скуси и продукцијата на моделите близнаци Fiat 500X и Jeep Renegade. Побарувачката за малечки кросовери на европскиот пазар е зголемена, но откако во сегментот пристигнаа многубројни нови модели, продажбата на 500X и Renegade се смали. Работниците во фабриката Мелфи годинава имаа 21 непланиран слободен ден.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford повикува 1,3 милион пикапи во сервис

toyota fine comfort ride

Toyota има фин концепт за комфорно возење за Токио